Гостивар
Неделен извештај за корона: Раст на новозаразени, опаднат број на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 25 до 31 јануари 2021, тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9% во однос на минатата недела.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=984; 48,3%), со неделна инциденца – 159,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија. Гостивар е со 47 новозаразени во периодот од седум дена.
Процентот на позитивност се движи од 9 до 18%, или во просек 14%, идентично како минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (540. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (368), 50-59 (365), 30-39 (374) и 20-29 (251). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (41) и 10-19 години (97).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4% помалку во споредба со минатата недела.
Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче