Поврзи се со нас

Гостивар

Неделен извештај за корона: Во Македонија над 7.300, во Гостивар 284 нови случаи

Објавено

на

Во периодот од 9 до 15 ноември во земјава се регистрирани 7.355 нови позитивни случаи на коронавирус, додека во регионот на Гостивар 284.

Во неделниот извештај Институтот за јавно здравје наведува дека межу новозаразените најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 со 22,4%. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 год (20,3%), 40-49 (19,5%), 50-59 (19,2%) и 20-29 (13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,6%) и 10-19 години (3,9%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.731 (50,7%) лица од машки и 3.624 (49,3%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во овој период пријавени се 172 смртни случаи од 23 града, зголемување од 35,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и два случаи во возрасната група од 30-39 години.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (68,9%), малаксаност (41,5%), кашлица (39,8%), главоболка (19,4%), болка во грло (15,7%), мускулна болка (13,9%), треска (13,2%), ослабен осет за мирис и/или вкус (11,5%) и отежнато дишење (10,0%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени кај 23,3% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена