Поврзи се со нас

Македонија

Неделен ковид биланс: Пораст на нови случаи за 56%, оздравени и починати на исто ниво

Објавено

на

Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со ковид во земјава за периодот од 22 до 28 февруари, се бележи зголемување на новозаразени, додека бројот на оздравени и починати лица е на исто ниво како претходната недела.

Тестирани се вкупно 20.161 материјали, регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 56,4% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи просечно 17,9%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (911). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (666), 40-49  (660), 50-59 (612) и 20-29 (530). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (61) и 10-19 години (188).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.766 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, идентично во споредба со минатата недела.

Пријавени се 69 смртни случаи од 20 градови, за еден случај помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 60 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.

Заклучно со 28.02.2021, во Македонија пријавени се вкупно 103.020 случаи на COVID-19

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 53 минути

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 5 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 7 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 8 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 9 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 10 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 11 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 12 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена