Рецепти
Неделен рецепт: Гриз кифлички полнети со сирење

Состојки за тестото:
400 гр. брашно
200 гр. гриз
100 мл. топла вода
180 мл. кисело млеко
20 гр. квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 јајце
50 мл. масло
За фил: околу 200 гр. крем сирење
За премачкување:
жолчка од јајце
сол
1 лажичка павлака
Подготовка: Во сад раздробете го квасецот, додадете шеќер, брашно и малку топла вода, па добро измешајте. Оставете го квасецот на топло да се активира, околу 10 минути. Истурете околу 300 гр. брашно во поголем сад. Додадете сол и промешајте. Потоа додадете ја останатата вода, кисело млеко, активиран квасец, гриз, јајце и масло. Измешајте добро, а потоа постепено додајте го остатокот од брашното и замесете тесто. Обликувајте го тестото во топка, па ставете го во подмачкан сад и покријте го. Оставете го покриено, додека не надојде добро, околу 60 минути. Потоа ставете го тестото на набрашнета работна површина и поделете го на два дела. Со сукалка развлечете еден дел од тестото. Можете да направите помали или поголеми кифли. Ако сакате помали, поделете го кругот на 16 дела, за поголеми поделете го на 8 дела. Ставете малку крем сирење и свиткајте ја кифлата. Во тавата ставете хартија за печење, а потоа наредете ги кифлите. Премачкајте со изматената жолчка, сол и павлака. Може да посипете сусам. Печете во загреана рерна на 200 ° C околу 20 минути.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо