Поврзи се со нас

Рецепти

Неделен рецепт: Мека погача со компир и сирење

Објавено

на

Нова идеја и рецепт за да замириса домот на месено, се секогаш добредојдени. Вообичаено неделата е ден кога целото семејство се собира во домот, што е прилика да се подготви нешто домашно, вкусно и фино. Тому затоа, за вас издвоивме еден старински рецепт за погача со компир и сирење.

Состојки

2 компири
2 јајца
15 гр. квасец
1 лажичка шеќер
200 гр. сирење
лажиче путер/маргарин
200 мл. млеко
300-400 гр. брашно
сол

Подготовка

Најпрво од млекото извадете 3-4 лажици и потопете го квасецот со шеќерот за да надојде. Путерот/маргаринот истопете го. Кога ќе надојде квасецот, во него додајте ги јајцата, растопениот путер/маргарин и остатокот од млекото, брашното и солта и од сето тоа замесете помеко тесто.

Оставете го тестото да отстои покриено половина час. Компирите сварете ги и испасирајте ги како за пире, па додадете изрендано сирење, и изедначете ја смесата. Истресете ја смесата на работната површина посипана со брашно и обликувајте топка.

Надојденото тесто поставете го на маса, па развлечете го со рацете во круг. На средината ставете ја топката со компир и сирење и со рацете преклопете го тестото и потоа добро притиснете. На средината на тестото направете дупка. Ставете во намачкан плех и оставете да отстои 15 минути. Премачкајте со жолчка и избодете со вилушка. Се пече на 200 степени 35-40 минути.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 19 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена