Рецепти
Неделен рецепт: Полнети пилешки копани

Лесно и едноставно за подготовка, а убаво и за очи и за стомак. Ова е рецепт што задолжително треба да го вметнете во семејното мени – полнети пилешки копани.
Состојки:
4 копани
150 гр.кашкавал
100 гр. чадено пилешко
10-тина маслинки
1 морков
2-3 лажици павлака
Подготовка:
Најпрво откостете го месото внимателно, парчињата да останат цели. Потоа посолете го и исчукајте со готварски чекан. Премачкајте го секое парче со павлака, па наредете кашкавал, чадено пилешко, сецкани маслинки и сецкан морков. Завиткајте ги убаво во ролат, едно по едно и наредете во тава за печење која ќе ја покриете со алуминиумска фолија. Во загреана рерна на 200 степени, полнетите копани треба да се печат 30-40 минути, односно додека не заруменат.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја