Поврзи се со нас

Рецепти

Неделна идеја за ручек: Полнет модар патлиџан – посно, здраво и превкусно

Објавено

на

Кога се во прашање рецептите за полнет зеленчук, има најразлични верзии кои секој може да си ги надополнува според вкусот и секако кулинарската креативност. Како предлог за една сосема поинаква варијанта на полнет зеленчук, ние се одлучивме да ви предложиме еден рецепт кои во себе спојува добар вкус и здрави намирници – Полнети модри патлиџани со житарици.

потребни состојки:

2 поголеми модри патлиџани

1 домат

60 гр. ориз

30 гр. мешавина од житарки (овес, јачмен, `рж)

половина лажица измелено сушено овошје (слива, кајсија, грозје)

1 кромид

сол, црн бибер, црвен пипер, магданос

масло

подготовка:

Модрите патлиџани се сечат по должина, се издлабуваат, се посолуваат и се оставаат да отстојат 15-20 минути. Внатрешноста се чува за филот. Откако ќе пуштат црн сок, се измиваат под јак млаз вода и се редат во плех. Ситно сецканиот кромид се пропржува, му се додаваат половина од доматот исечкан и внатрешноста од модриот патлиџан, оризот, житариците, меленото суво овошје и сите зачини. Со смесата се полат мордите патлиџани, по што останатиот домат се сече на кругови кои се ставаат одозгора. Вака подготвените модри патлиџани се полеваат со филџан врела вода и се ставаат во рерна.

Се печат на 220 степени, околу 45 до 50 минути.

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена