Гостивар
Неделно ковид инфо: Речиси 50% помалку нови случаи, смртноста намалена за 38%

Во неделниот извештај за ковид во Македонија на Институтот за јавно здравје за периодот од 10 до 16 мај, се бележи намалување на новите случаи и смртноста.
Тестирани се вкупно 16.773 материјали, а регистрирани сe 674 нови позитивни случаи од 31 град во државата со намалување од 48,3% во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 1,8% до 7,2%, просечно 4,0%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (280). Во регионот на Гостивар потврдени се 16 случаи.
Меѓу новозаболените најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (240). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (6 случаи) и 10-19 години (33 случаи).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 2.646 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 36% во споредба со минатата недела.
Пријавени се 65 смртни случаи од 15 градови, 38,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 56 лица биле над 60 години, 7 лица на возраст од 50-59 години, 1 лице на возраст од 40-49 години и 1 лице на возраст од 30-39 години.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо