Гостивар
Недостиг на гинеколози во болницата во Гостивар, цел товар врз грбот на 4 доктори

Недостигот на лекари специјалисти во гинеколошко-акушерското одделение на болницата во Гостивар носи тешкотии во работата и организацијата. Подолг период одделението е останато со само четири гинеколози, откако исто толку колеги претходно им се пензионираа. На голем регион каков што е гостиварскиот, да се функционира со четири лекари е навистина проблем, потенцира раководителот на одделението д-р Агим Јакупи, изразувајќи загриженост што во догледно време решение не се гледа.
„Ова е долгогодишна проблематика, и не е само во Гостивар туку во целата држава, имаме се помалку и помалку доктори гинеколози, нема кој да ги замени тие што се пензионират. Јас за ова сум алармирал уште пред десет години, затоа што доктор специјалист не се создава преку ноќ. Најмалку 5 години е специјализацијата, а потоа уште 3-4 години да стекне искуство, знаење во пракса, за да може да работи самостојно, да стекне сигурност во себе. Но, за жал состојбата е таква каква што е. На нашето одделение останавме само четворица доктори да ја вршиме истата работата како кога бевме осум. Еве на пример двајца од нас кога заминуваат на одмор, другите двајца мора да остануваат дежурни секоја втора ноќ. Тоа е повеќе од напорно. Се мачиме, тешко ни оди, и не очекувам дека брзо ќе се реши овој проблем. Имаме две докторки пратено на специјализација, но тие се во почетна фаза, значи најмалку уште 4-5 години ќе биде вака“, вели д-р Јакупи додавајќи дека дополнително е загрижувачки што за две години уште еден од гинеколозите ќе се пензионира.
„Да не зборувам што ќе се случува, ако не дај боже некој од нас се разболе и не може да доаѓа на работа. Се помалку имаме и физичка моќ да ги издржиме овие напори, дај боже да не служи здравјето и да издржиме“, вели докторот.
Што се однесува до средно медицинскиот персонал, оценката е дека ситуацијата е подобра односно, има доволно сестри на одделението за да се завршуваат обврските и работата.
На гинеколошко-акушерското одделение во болницата „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар годишно се опслужуваат над 2.500 пациентки, опфаќајки прегледи, контроли, оперативни зафати, породувања, разни третмани и друго.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден