Гостивар
Недостига кадар во Апелација Гостивар, 1.049 предмети останати за решавање

Проблемот со недостиг на судии и друг кадар во Апелациониот суд во Гостивар се провлекува со години. Според систематизацијата, судот треба да има 16 судии (заедно со претседателот), а гостиварска Апелација моментално функционира со вкупно 12. Судот кубури и со административен и технички персонал, во кој оддел, во текот на годинава имало само едно вработување.
Овие состојби ги посочи претседателот на Апелациониот суд во Гостивар, Беким Мехмеди на денешната средба со медиумите, по повод Европскиот ден на граѓанска правда, 25 Октомври.
„Екипираноста е проблематична со стручен кадар. Конкретно во административен и технички сектор имало само едно вработување. Недостигот на судии е неколку годишен проблем што се провлекува. Функционираме со капацитет од 70%, од тоа што треба да биде согласно законот.“, рече тој.
Апелација на почетокот на оваа година имала 941 предмет од претходната и примила нови 2.338 предмети. До сега биле решени 2230 предмети, а останати се 1.049 за решавање.
Како друг проблем Мехмеди ја посочи тешката достапност на судот за повозрасните и лицата со посебни потреби, со оглед дека просториите се наоѓаат на трети кат во објект без лифт.
„Пристапот е една од проблематичните точки, на трет кат сме, пристапот за постарите лица или оние со попреченост, скоро е и неовозможен. Имаме ситуации кога стари, изнемоштени не можат да се качат по скалите, па бараме помош некако да ги донесеме горе“, вели претседателот.
Апелациониот суд во Гостивар е надлежен да постапува по жалби на донесени одлуки од првостепените судови во Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево, и во случај на судир на надлежности меѓу овие основните судови. Функционира со три оддели и тоа кривичен, граѓански и оддел за судска пракса.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести