Занимливости
Неговото височество „Дијамант“

Чистиот јагленов кристал добиен по природен пат се вика – дијамант. Добро е познато дека дијамантот е најпосакуван скапоцен камен. Дијамантот исто така е и најтврд елемент за кој знае човекот, затоа е и доста корисен.
Зошто дијамантите се со различна вредност?
Дијамантите кои се наоѓаат во продажба се многу различни по боја и квалитет. Ги има во сите бои на виножитото. Најскапоцени се оние кои имаат црвенкаста или сина боја или чисти, безбојни дијаманти. Друг фактор кој е многу важен при одредување на вредноста е чистотата. Дијамантите може да бидат чисти како солза, но најчесто знаат да имаат и мали или поголеми аномалии со што драстично ја губат својата вредност.
Постојат дијаманти кои се толку скапоцени, што го менувале текот на историјата. Најпознат дијамант е Кохинор, кој има најдолга историја од сите дијаманти на светот. За да го добијат овој дијамант, многу азиски владетели пробувале да ја освојат Индија.
Дијамантот Надеж, редок син дијамант од 44 карати, поминал низ многу раце низ историјата. Се верува дека тој носи несреќа на оној кој го поседува, но и покрај тоа верување овој дијамант е еден од најскапите. Меѓу најпосакуваните дијаманти е и Орлов, со него била украсена круната која ја носеле руските цареви. Режан дијамантот, се наоѓа во Лувр во Париз и Кулијан кој ја краси британската круна се меѓу најпознатите дијаманти.
Дијамантите со аномалии и слаба вредност се употребуваат во индустријата. Најчесто во дијамантските ножеви и брусалки за оштрење и сечење на тврди предмети. Дијамантите уште се користат во рударството за дупчење камен.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести