fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Неиспраниот „Unplugged“ џемпер на Курт Кобејн продаден за 334.000 долари

Волнениот џемпер што легендарниот Курт Кобејн, го носеше на MTV Unplugged концертот во 1993 година, е продаден на аукција за рекордна цена од 334.000 долари. Ова парче иконска облека останало неиспрано откако фронтменот на Нирвана последен пат го имал на себе, има изгореници од цигара и неколку флеки.

Пред 4 години, џемперот го купил Гарет Клетјиан, сопственик на фирмата  Форти7 Моторспорт, а сега одлучил да го даде на аукција за да заработи.

Специјално изработената гитара на Кобејн „фендер мустанг“, со која свиреше на турнејата In Utero,на истата аукција достигна цена од 340.000 долари.

MTV Unplugged настапот на Кобејн се случи шест месеци пред неговото самоубиство.

Сподели:
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

анкета:

Кој ќе ја состави новата Влада?

Резултати од анкетата

Отворени огласи за вработување во полог:

- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!