Поврзи се со нас

Гостивар

Неисправни камиони по патиштата во Полошко, откриени 8 прекршоци

Објавено

на

Вчера (6 март) од 8 до 12 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на товарни возила, во која биле откриени и санкционирани 8 технички неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-6). Седум од контролираните возила имале неисправни сопирачки, а едно неисправни други уреди и опрема.

Како што информира полицијата, покрај ова, едно возило било со истечена регистрација, а кај две бил констатиран претовар и кај исто толку други недостатоци. Санкционирани, исто така, биле 4 возачи за погрешно паркирање, еден за непоседување на возачка дозвола, како и 4 други видови сообраќајни прекршоци.

СВР Тетово со апел до возачите на товарни возила, камиони, комбиња и други навреме да ја проверуваат техничката исправност пред да тргнат на пат, посебно сопирачките и уредите за управување, но и да не ги управуваат без положен возачки испит или со истечена регистрација. Им се укажува и да внимаваат на товарот, односно соодветно да го обезбедат товарот што го пренесуваат и тој да биде во пропишаните количини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена