Поврзи се со нас

Македонија

Нека поевтинат суровините, ќе ги намалиме цените на производите, порача месната индустрија

Објавено

на

Месната индустрија засега нема позитивен одговор од Владата во однос на барањето да се укинат увозните давачки за суровините, што би овозможило намалување на цените на крајните производи. Како што рече денеска директорот на „Пекабеско”, Слободан Кутревски, за ова прашање било разговарано, но одговорот на надлежните е дека во моментов нема можност да се излезе во пресрет.

Сепак, тој се заблагодари за владината поддршка во однос на субвенционираната струја, нагласувајќи дека оваа мерка многу им помогнала.

-Нека се намалат цените на суровините, ќе ги намалиме и ние цените на производите. За укинување на увозните давачки за замрзнатото месо, ние тоа го бараме, а државата треба да го одобри. Ако може, верувам дека ќе го одобри зашто најде сили да ни одобри за струјата. Веројатно и за тоа ќе најде. Што да правиме кога немаме домашна суровина. Ја стимулираме домашната суровина 30 и кусур години, откога сме независни, но повторно ни фали суровина. Разговаравме. Велат, „во овој момент не сме во можност. Не можеме и пари за струја да даваме и пари за ова и пари за она“. Значи, го баравме тоа, но сега за сега ќе причекаме, истакна Кутревски, одговорајќи на новинарски прашања.

Неговата компанија денеска ја посетија премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

-Цената на производите не ја сочинува само цената на струјата. Се што работиме, е на база на увоз, само работната сила е домашна. Месото од скоро е за 40 до 50 отсто поскапо, репроматеријалите,… Ако се создаде простор, сигурно ќе ги намалиме цените. Владата е максимално коректна кон нас и не можеме ние да вратиме со недобро однесување. Струјата не беше главен причинител за цените на производите, туку еден од главните. Тука се и нафтата, суровините, репроматеријалите, платите за вработените. Што да правиме ние?, рече Кутревски.

Според него, „Пекабеско“ минатата година ја заврши успешно, а очекува и профит.

-Минатата година ја завршивме успешно иако се соочивме со големи предизвици – високи цени на енергенси, суровини и репроматеријали. Oстанавме стабилни на пазарот, во снабдувањето и во флуктуацијата на работната сила. Водиме сметка за вработените и редовно даваме плата. Државата ни излезе во пресрет со намалување на цената на струјата, не вклучи во пакетот бенефицирани фирми кои произведуваат храна. Ќе има профит, иако не знаеме како е завршена, но ќе биде позитивна како и сите претходни години. Ние сме компанија која на домашниот пазар постои 44 години. Се надеваме дека оваа година кризните состојби ќе ги нема или ќе се намалат, а со тоа и стопанството, како и компаниите, ќе работат поуспешно, подвлече Кутревски.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 1 ден

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена