Поврзи се со нас

Колумни

Нека трепка магијата на новогодишната честитка

Објавено

на

Дедо мраз со бела долга брада и црвена облека, со санка носи подароци во ноќта со голема месечина во пресрет на Божик и Нова Година. Слика на честитка што сум ја добила пред многу години кога посетував основно училиште. Од другата страна на честитката со детски ракопис напишано: Среќна нова година, многу здравје и радост. Ти посакува Ане! До реченицата е нацртано црвено срце. Многу емоции ми навираат кога ја гледам во рацете, ме потсетува на едно друго време кога едвај чекав да дојде Нова Година и Божик.

На почетокот на декември со брат ми секогаш купувавме новогодишни честитки за другарчињата. Тоа беа едноставни честитки со новогодишни мотиви, потоа во годините што доаѓаа „најхит“ беа честитките што свиреа.

Во првите години од основното училиште во средината на декември одев порано наутро на училиште за да ги ставам честитките во клупите (во местата каде што требаше да стојат училишните чанти) и да ги изненадам моите другарчиња. Но, секој ден, буквално секој ден од декември имав очекувања дека ќе најдам некоја и уште некоја честитка во преградата од зелената клупа. Тогаш мислев дека колку повеќе честитки ќе добиеш толку поубава ќе ти биде новата година. Како напредував со одделенијата така ми се зголемуваа и идеите и фантазијата за да напишам, но и да добијам што поубаво напишана и срочена честитка. На магијата и немаше крај. Дури и кога го пишувам ова, ми навира истото чувство на предновогодишна возбуда како кога бев дете. И се радувам дека е така, а сакам и да му ја пренесам на син ми. Не дека сегашните честитки немаат своја убавина и магија, туку сакам да знае дека имало и поинаку и дека новогодишната честитка што ја држиме в рака, особено денес е знак дека некој кому навистина му значиш одвоил време за тебе, купил новогодишна честитка, која верувајте може да чини само 20 денари, ти напишал убави желби, купил поштенска марка и ја испратил по пошта за да ти посака Среќна нова година и Честит Божик! Дури и денес, иако знам од каде можам да добијам честитка, повторно секој ден (освен за сметките и данокот) погледнувам во сандачето со бројот 3 за да најдам можеби некоја новогодишна честитка. Засега се уште нема.

И да не заборавам, секој декември имавме специјални часови на училиште за изработка на честитки. Носевме шарена хартија (потоа и самолеплива), лепак, светки, памук, картони… за да изработуваме честитки за домашните и бабите и дедовците, а некогаш и за учителката. Потоа кога почнаа новогодишните базари нешто остававме и таму.

Старите честитки ги чував во специјална кутија, а подоцна кога се преселив ги најдов и старите честитки од семејството на сопругот. Мајка ми ќе речеше вистински колекционер си на новогодишни честитки. Но, јас и денес уживам кога околку елката ќе видам многу наредени убави честитки, особено ако биле испратени од друга држава, бидејќи од таму доаѓаа секогаш со поинкави дизајни и цртежи од нашите. Колку повеќе новогодишни честитки околу елката, толку повеќе желби за среќна и убава година, што ме тераат да мислам дека се ќе биде подобро, здравјето ќе ми биде добро, семејството околу мене, работата ќе оди подобро, пријателите ќе бидат тука… Та, нели се е во надежта и љубовта?

Мојата магија не е магија за новите милениумци

Мнозинството граѓани во средни години веројатно имаат иста или слична приказна како мојата, додека поновите генерации единствено ги знаат или добиваат само СМС пораки (па дури ни тоа веќе можеби) или електронски новогодишни честитки на Вибер, Ватсап, Твитер, можеби ТикТок и/или Фејсбук, се разбира или некоја друга социјална мрежа или платформа за комуникација. Но низ годините едно е постојано, а тоа се новогодишните подароци. Нив секој сака да ги добие и поеднакво им се радува, и помладите и повозрасните.

За да ви го долoвам убавото и крајно позитивно чувство што го предизвикува добивањето новогодишна честитка ќе споделам неколку реченици напишани на еден од форумите на социјалните мрежи.

-Не сум којзнае колку стара, ама кога бевме помали, некаде до 4 одделение се сеќавам дека си остававме честитки на клупите. Неколку дена пред Нова година, со мајка ми ќе отидевме до книжара или во поштата ќе одберев околу триесетина и ќе си дојдев дома и оп, време е за пишување. Се сеќавам пред некое време пронајдов еден плик полн со честитки, и онака се израдував, сигурно се постари повеќе од пет години. Во училиштето правевме честитки, па кога ќе си дојдев дома, продолжив да правам. Не беа професионални и толку убави и прекрасни, ама се трудев колку што можам да ги направам поубави, ама за тоа требаше повеќе материјали. Е сега, последниве неколку години, не добивам ниту една единствена честитка, напиша таа.

Во разговор со скопјанката Биљана таа вели дека со интернет честитањето на новата година и Божик забораваме дури и телефонски да се јавиме кај некои блиски така што се повеќе се отуѓуваме меѓу себе.

-Поголема радост ми е кога во поштенското сандаче ќе најдам новогодишна честитка, бидејќи ме потсетува на детството. Ги чувам честитките, дел од моите а некои од мојата ќерка и ги вадам секогаш пред Нова година како спомен. За жал, со развојот на технологијата многу повеќе честитаме преку електронските честитки и го изгубивме чувството дури и да се јавиме телефонски кај некого и да честитаме Нова година и Божик. Со ваквиот начин на комуникација се повеќе се отуѓуваме меѓу себе и ги губиме тие вредности, вели Биљана.

Јас честитките многу ги сакам, раскажува Александра од Велес. – Сепак, тоа ти останува, и е опипливо, можеш повеќе пати да го прочиташ и да ја оживееш емоцијата. Иако сум млада, повеќе ги сакам традиционалните од електронските честитки. Тие ги добиваш и толку. Во следниот момент ги нема. Особено рачно изработените за мене имаат посебно значење, бидејќи знам дека некој посветил внимание и одвоил време само за мене и за моето семејство со убави и позитивни желби и честитки, вели Александра.

Тематски новогодишните честитки можат да биде семејни, со забавна содржина, со градови, со различни ликови, но најмногу се со Дедо Мраз, светкави ѕвезди и желби за поубава година.

На Интернет може да се најдат повеќе верзии за историјата на новогодишните честитки или картички. Се зависи од каде доаѓате.

Американските извори велат дека првите комерцијални божикните честитки биле испечатени од Луис Пранг во 1875 година што се сопаднало со зголемувањето на индустријализацијата и преминот кон конвенционалната божикна прослава.

Во Велика Британија првата комерцијална божикна картичка била направена и испратена од Лондон во 1843 година. Претходно луѓето разменувале лично на рака празнични честитки. Сер Хенри Кол, богат британски бизнисмен, му дал задача на талентираниот илустратор Џон Калкот Хорсли да изработи една таква картичка. Кол сакал картичка што ќе им ја испрати на неговите пријатели и соработници за да им посака среќен Божик.

Елизабета Велјановска Најдеска

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Следете нè и на Facebook

Гостиварпред 34 минути

Пожарникари од Гостивар заминуваат на помош во Турција

Гостиварпред 1 час

Приведен крадец од Гостивар, одземената „априлија“ вратена на сопственикот

Македонијапред 2 часа

Аплицирање за субвенции за струја до крај на февруари

Гостиварпред 3 часа

Судењето за „Ласкарци“ одложено, вештото лице не дојде на рочиште

Гостиварпред 3 часа

Учениците и наставникот го напуштиле подрачјето погодено од земјотресот и се на пат кон Анкара

Вестипред 4 часа

Почина инструменталистот и композитор Милан Завков

Гостиварпред 5 часа

Добридол денес ќе биде без струја

Вестипред 5 часа

Нов земјотрес од 5,6 степени по Рихтер ја погоди Турција

Македонијапред 16 часа

Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Гостиварпред 17 часа

Трагедија Турција-Учениците и менторот се упатуваат на безбедно, па се враќаат дома

Гостиварпред 20 часа

Млади од Гостивар чекаат на евакуација од Турција

Вестипред 21 час

Русија испрати тимови за спасување да помогнат во Турција и Сирија

Гостиварпред 21 час

Во Гостивар приведени 38 годишен маж и 29 годишна жена

Македонијапред 2 недели

Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава

Гостиварпред 1 недела

Затруени кучиња ноќеска во Гостивар

Гостиварпред 1 недела

Од петок се отвора сезоната за спортски риболов на Мавровско езеро и Радика

Гостиварпред 2 недели

Загрижувачки состојби! Во Гостивар 130 разводи минатата година

Гостиварпред 1 недела

На проституција во Гостивар се оддаваат и малолетнички и мажи

Гостиварпред 5 дена

Нов директор на „Паркинзи и зеленило“ во Гостивар

Што, како, каде?!пред 5 дена

Маркет Garage Акција во сите Ramstore маркети

Гостиварпред 2 недели

Расте бројот на наркозависници во Гостивар, марихуаната и хероинот најкористени наркотици

Гостиварпред 1 недела

Гостиварката Душица Димитриеска, член на Советот на ЈО даде свечена изјава

Здравје и убавинапред 2 недели

Смеса со 3 состојки против кашлица и болно грло

Македонијапред 1 недела

Горивата со повисоки цени од полноќ

Гостиварпред 2 недели

Амбасадорката на САД Агелер во Гостивар: Приоритети-ЕУ, борба против корупција и економски можности

Гостиварпред 2 недели

Делови од Гостивар утре без струја по неколку часа

Гостиварпред 3 недели

Прослава на Богојавление – Водици, Гостивар 2023

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2023 во Гостивар-Ангелчињата ги стоплија срцата на христијаните

Гостиварпред 1 месец

ФОТО ВЕСТ: Гостивар последната вечер во оваа година

Гостиварпред 3 месеци

Гостивар граду мој, во срце те носам – Свеченост во чест на 18 Ноември

Спортпред 3 месеци

Каланоски со два погодоци го одлучи победникот во локалното дерби ФК Гостивар – ФК Арсими Чегране (2-0)

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „спакува“ и Работнички 87-76

Македонијапред 4 месеци

Св. Кирил Лешочки – Прв светец од Тетовско-гостиварската епархија (Фото)

Спортпред 4 месеци

(Фотогалерија) Празник на кошарката во Скопје – МЗТ го пречека Партизан 74-92

Гостиварпред 5 месеци

Три децении јубилеј на Глигоровски: Убавина со македонски фолклор и бура од емоции во Гостивар

Културапред 5 месеци

Со концерт на етно групата Синтезис во Гостивар почна чествувањето на Денот на независноста

Гостиварпред 6 месеци

Чествување на Преображение во Гостивар – Манастирот во Циглана срцето на прославата

Гостиварпред 6 месеци

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 6 месеци

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Advertisement

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Популарно изминативе 100 дена