Поврзи се со нас

Занимливости

Некои од најморничавите, мистично-застрашувачки места на Земјата

Објавено

на

Има места во светот коишто нѐ привлекуваат, но и нѐ заплашуваат во истовреме. Луѓето таму често се губат, животните се однесуваат необично, па се верува дека на такви места се појавуваат и духови…

Научниците нудат различни теории, но ниту една од нив не е конечно докажана… Следат пет морничави, мистично-застрашувачки локации.

1. „Долината на мртвиот“ во Канада

Кон крајот на 19. век тука било пронајдено злато, па следела своевидна „златна треска“, кога многу луѓе се упатиле таму за да си ја пробаат среќата. Но, во 1898 година, шест ловци на злато исчезнаа во оваа „Долината на мртвиот“. Седум години подоцна, и двајца браќа Меклеодс и нивниот другар исто така исчезнаа. По три години, луѓето случајно пронашле девет обезглавени човечки тела.

Мистериозните исчезнувања и толкувања продолжуваат до ден-денес.

Домородците веруваат дека за тие смртни случаи се виновни Сасквачи – човековидни влакнести суштества, чиишто стапки наводно се пронајдени во Долината… Најверојатното објаснување, пак, вели, тоа е дело на група насилници. Надлежните тогаш не пронашле ништо.

2. Долина на паднатите птици, Индија

Во последните денови од летото, во планинската долина Јатинга, Индија, се случуваат чудни работи… На полноќ, се случува, „замаени“ птици во јато кружат толку ниско што луѓето ги фаќаат со стап. Некои птици паѓаат на земја и не се ни обидуваат да избегаат од оној што ги зема…

Мештаните на долината веруваат дека боговите ги даруваат за нивниот праведен живот – со овој лесен плен.

Научници, пак, велат дека птиците се зашеметени од совпаѓањето на неколку фактори – младата месечина, ветерот и темнината. Така, може да се претпостави дека тоа е последица на некаква геомагнетна аномалија во оваа област што причинува птиците да паѓаат.

3. Долина на смртта, САД

Тука, името не е поврзано со исчезнување луѓе или стока. Името е измислено за време на американската „Златна треска“ во Калифорнија. Во оваа долина,  најсвојствени се камењата налик поплочена калдрма и оние камења кои „се движат“… Тоа е геолошки феномен.

Според научниците, камењата се движат поради падот на температурата зиме, ветрот, квалитетот на земјата, па дури и поради климатските промени. Денес, камењата се движат помалку – веројатно, поради глобалното затоплување.

4. „Мртвото езеро“ Кајнди во Казахстан

На прв поглед, ова езеро може да изгледа сосема вообичаено, но тоа се одликува со тоа што останува ладно и во најтоплите денови. Нема живот во ова езеро – ниту риби, ни инсекти.

А, луѓе често се дават таму. Најморничаво е што труповите не излегуваат на површина, туку стојат простум на дното. А, дури ни професионалните нуркачи не можат да бидат под вода тука подолго од пет минути. Тие доживуваат недостаток на кислород дури и ако имаат доволно во боцата со воздух.

Постојат две објаснувања за тоа… Водата е богата со бактерии кои создаваат смрдеа – дури и мали делови од агенсот влијаат на умот на човекот. Уште повеќе, на дното на езерото има пукнатина и оттаму излегуваа отровен гас кој ги убива сите живи суштества во оваа неистечна вода.

Така, поподробно испитување на ова езеро, не е возможно.

5. Шумската област Аокигахара, Јапонија

Се работи за шума наречена „Сина ливада со дрвја“, којашто се простира на 30 квадратни километри и вирее на стврдната лава од ерупција на вулкан-планината Фуџи на островот Хоншу во Јапонија.

Во оваа шума, денес, годишно се наоѓаат околу 70-100 трупови на луѓе кои извбршиле самоубиство. За нив се вели дека намерно доаѓаат во оваа шумска област со намера да стават крај на својот живот, но има и преданија коишто велат дека шумата „ги убедува“ луѓето да го сторат тоа. На влезот во шумата е поставен знак на кој пишува „Твојот живот е најскапоценото нешто што го имаш, коешто си го добил од твоите родители. Размисли и за твоето семејство. Не обидувајте се да го преживеете ова сами“. На натписот има и телефон за психолошка поддршка.

Друго објаснување вели оти оние што го губат патот во шумата, се соочуваат со неподнослива вознемиреност и депресија.

Единствената проверлива информација за шумата е дека компасите не работат во подножјето на планината Фуџи. Тука има магнетна аномалија која веројатно влијае на ориентацијата и перцепцијата на луѓето.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 50 минути

За три пати зголемен бројот на заболени од грип во земјава, во Гостивар 66 новозаразени

Македонијапред 1 час

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Македонијапред 3 часа

Толку од „новогодишната кошничка“, какви ќе бидат цените од денес?

Здравје и убавинапред 4 часа

Што влијае на растот на косата и ноктите: генетика, исхрана и животни навики

Здравје и убавинапред 18 часа

Расолница – природен еликсир за вашето здравје

Светпред 20 часа

Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година

Гостиварпред 22 часа

За две недели 677 деца прегледани на педијатрија во Гостивар, сепак снегот деновиве ги стиши вирусите

Гостиварпред 23 часа

Совети и едукативни летоци од полицијата за возачите во Маврови Анови

Македонијапред 23 часа

Протестите на јавната администрација да не се политизираат, повика УПОЗ

Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена