Гостивар
Неколку гостиварски училишта побарале настава со физичко присуство, ќе пресече Министерството

Во кои училишта на гостиварска територија, учениците ќе се вратат во клупите, а каде ќе се учи онлајн, ќе одлучи Министерството за образование. Дел од образованите установи побарале настава со физичко присуство, дел се изјасниле за учење преку интернет, а некои сметаат дека најпогоден им е комбиниран модел.
Општината ги испрати барањата и го очекува одговорот од Министерството и комисијата што треба да ги изврши проверките на условите во школите.
„Ние правиме големи напори наставата да почне со физичко присуство, секако таму кадешто има услови. Последниот збор ќе го има Министерството за образование и зависно состојбата со коронавирусот. Ние ги поднесовме барањата, а комисијата ќе одлучи. На пример во средното економско училиште, каде има помал број на ученици може да се организира настава со физичко присуство. Во медицина, поради голем број на ученици да продолжат онлајн, додека во гимназија и техничко најверојатно ќе биде комбинирано. За основните училишта – во ОУ „Гоце Делчев“ и “М.К.Ататрурк“ онлајн, освен за децата од 1 до 3 одделение кои треба да одат со физичко присуство. ОУ „Исмаил Ќемали“ и „Единство“ бараат настава со физичко присуство за сите ученици. Во руралните средини, сметаме дека не е е проблем децата да се вратат во училиште, затоа што паралелките се со малку ученици.“, изјави Аслијан Снопче, раководител на Сектор за образование во О.Гостивар.
Новата учебна година ќе започне на 1 октомври. До тогаш, училиштата треба целосно да се подготват за настава, без оглед на моделот според кој ќе ја организираат.
Предизвикот е особено голем за училиштата каде учењето ќе биде со присуство на децата, со оглед на строгите протоколи за заштита од коронавирус.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 1 ден
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер