Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Како тишината ни помага да го обновиме нашиот ум и дух

Објавено

на

Немојте да се плашите од тишината, таа е пријател на вашето здравје.

Во нашето забрзано живеење, поради сѐ што се случува околу нас, од сета галама, секакви звуци кои се дел од нашето опкружување, луѓе, информации, сообраќај, сѐ до претерани мисли кои сами на себе си ги наметнуваме, не сме ни свесни дека сме, константно во состојба на стрес и анксиозност што со тек на време доведува до евентуална состојба на депресија и други психички заболувања.

Сепак, можеме многу лесно да си помогнеме доколку ѝ дадеме шанса на тишината бареме еден час дневно, а еве кои придобивки ги нуди таа – тишината.

Тишината може да нѐ подмлади и да ги поправи ќелиите во мозокот

Сѐ започнува во нашите мозочни ќелии. Ако ги храниме со лоша “храна“ не можеме да очекуваме да бидат и останат јаки. Доколку на мозокот му овозможиме час до два тишина, ќе забележиме значајни промени, подобра концентрација, подобра способност за внимавање, забавување на процесот на стареење па и одмореност која доведува до подобра толеранција на стресот.

Тишината може да ни помогне во пронаоѓањето на душевниот мир

Кога ќе се тргнеме од технологијата и примањето информации однадвор, си допуштаме сами на себе да го почувствуваме душевниот мир и спокој. Пробајте, барем на кратко, да “побегнете“ во тишина и сами на себе ќе си бидете благодарни за чувството на смиреност кое со тек на време ќе го постигнете.

Тишината ги подобрува нашите сетила

Во тишината, всушност, стануваме свесни за нашето опкружување, но во сосема друга димензија. Кога ќе се препуштиме на нејзината магија, можеме да чуеме нови звуци, Звуци кои предходно не сме ги приметувале, бидејќи биле задушени и покриени од други звуци. Звукот на ветерот, пеењето на птиците, трепетот на нивните крила…

Тишината ја подобрува нашата способност за внимание

Кога сме изложени на тишина, на нашиот мозок му даваме посебен вид на фокус, односно му дозволуваме да не мисли на ништо конкретно туку да лута, од мисла во мисла. На тој начин нашето темпо се забавува и ја подобрува нашата концентрација и способност за внимание (внимавање, забележување), што пак доведува до зголемување на способноста за учење и памтење.

Тишината ни овозможува повеќе задоволства, гледајќи подолгорочно

Времето во кое живееме нѐ доведе до оттуѓување. Предолго сме на паметните телефони, телевизија и на она што не ни овозможува долгорочно задоволство. Кога би го промениле начинот на живот, макар на час или два, уживајќи во друштво на блиски личности или со самите себе без технологија и кога би ги исфрлиле сите лоши навики (барем во тој период) задоволството, повторно, би го пронашло патот до нашиот дух.

Тишината ни помага подобро да се запознаеме самите себе и своите потреби

Кога го поминуваме времето сами во тишина, почнуваме да се гледаме себеси на подруг начин. Со нашиот ум. Стануваме поискрени према себе, ги подслушнуваме нашите потреби и пронаоѓаме начини на кои можеме да ги решиме нашите проблеми, свои начини, а не оние наметнатите од околината и луѓето околу нас.

Тишината не учи како да живееме “тука и сега“

Брзото темпо е болеста на денешницата. Секогаш некаде брзаме, оптеретени сме со секакви “белосветски“ проблеми и во тоа животот ни поминува. Тишината нѐ забавува и нѐ учи како да живеемe “тука и сега“, да го почитуваме сегашниот момент и да уживаме во него.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 44 минути

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 3 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 5 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 6 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 8 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 8 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 9 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 10 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена