Спорт
Неколку неверојатни факти за фудбалот за кои тешко ќе поверувате дека се вистинити

Повеќето од нас го сакаат, го гледаат, редовно се информираат, навиваат, па и рекреативно и професионално го играат, неговото величество фудбалот. Но, покрај тоа што знаеме доста, еве неколку неверојатни факти кои можеби и не сте ги знаеле за што би рекол Пеле, оваа убава игра.
Марк Хугес еднаш играл и за Велс и за Баерн Минхен во ист ден
Хугес тукушто потпишал за Баерн, а воедно бил повикан да игра за репрезентацијата на Велс против Чехословачка во Прага во квалификациски меч за Еуро `88. “Ручав со Ули Хонес, кој ме праша во колку часот играме со Чехословачка“- вели Хугес “му одговорив дека играме околу пладне, а тој ми вели: одлично, ќе можеш и навечер да играш“. Хонес го гледал натпреварот и заедно со Хугес одлетале за Минхем каде Баерн играл со Борусија Мехенгладбах. Закасниле за првото полувреме, но биле на време за второто. Баерн победил…
Алвин Мартин е реализатор на хеттрик против три различни голмани
Дефанзивецот на Вест Хем, овој подвиг го постигнал против Њукасл во 1986-та. Првиот гол го постигнал против голманот Мартин Томас. После напуштањето на натпреварот поради повреда, Мартин, вториот гол го постигнал против дефанзивецот Крис Хедворт, кој исто така бил заменет поради повреда, па така третиот гол го примил вториот дефанзивец на Њукасл, Питер Бардсли. Чеканите победиле со 8:1.
Од 1982-ра најмалку еден играч на Баерн бил во стартна постава на секое финале на Светските првенства.
Вистина е. Германија била финалист во 1982, `86, `90, `02 и 2014. Додека играчи како Жоржињо (за Бразил `94), Лизаразу (за Франција `98), Сањол (за Франција `06) Робен (за Холандија `10) и Павард и Хернандез (за Франција 2018), биле стартери во финалните натпревари.
Пред Сер Алекс Фергусон да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед, Астон Вила бил поуспешен клуб од црвените ѓаволи.
Популарниот Ферги го презел Манчестер во 1986-та, до тој момент Астон вила имала освоено по 7 лигашки и ФА куп титули, 3 лига купови и еднаш била Европски шампион. Јунајтед во меѓувреме освоил, исто така 7 лигашки титули, но 6 ФА купови и по еднаш ги освоил Купот на европските шампиони и Купот на победниците на куповите, што значи 3 титули помалку од Вила.
Ласло Кубала е единствениот фудбалер кој играл за три различни репрезентации (во рамките на ФИФА).
Роден во Чешка, Кубала, иконата на Барселона, играл за Чехословачка, Унгарија и Шпанија. Исто така легендата на Реал Мадрид, Алфредо ди Стефано, играл за Аргентина, Шпанија и Колумбија, но неговите трофеи, во раните педесетти, со Колумбија дошле во време кога оваа земја не била под капата на фИФА.
Џими Ример е единствениот играч кој станал европски шампион со два различни англиски клуба.
Бил на клупата на Манчестер Јунајтед во 1968-ма, додека во 1982-ра бил стартер за екипата на Астон Вила.
Златан Ибрахимовиќ играл за шест клуба кои ја освоиле Лигата на шампионите, трофеј кој, тој самиот никогаш не го освоил.
Славниот напаѓач бил дел од Ајакс, Барселона, Интер, Јувентус, Милан и Манчестер Јунајтед.
Џузепе Бергоми играл на четири Светски првенства, но ниеднаш во квалификации.
Некогашниот дефанзивец на Интер играл за Италија на Светските првенства во 1982, 1986, 1990 и 1998 година, без да игра во квалификациите. Како 18 годишник, вонредно, доцна му се придружил на репрезентацијата во 1982-ра година, потоа како бранители на титулата, Италија обезбедила директен пласман на Светското првенство во 1986-та, во 1990-та биле домаќини, а на 34 годишна возраст, како и на првиот негов настап на Светските првенства, добива задоцнет и изненадувачки повик да му се придружи на репрезентацијата на Италија за Светското првенство во 1998-ма година.
А според англиската фудбалска јавност, најубавиот гол што некогаш го примила Англија е дело на Бранко Облак.
1974-та, со англискиот спортски коментатор Хаг Џонс, Југославија – Англиија 2:2, Облак за 2:1. Уживајте..
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022