Вести Гостивар
Неколку освежителни летни пијалоци кои може да си ги подготвите дома

Топлото време ја зголемува потребата од внесување на течности, за телото да остане хидрирано и во форма. Освен вода, која е најдобра за гаснење жед во организмот, ова лето може да се освежите и со неколку други пијалоци кои лесно се подготвуваат во домашни услови.
Пунч од овошје и цимет
2 лимона
3 портокали
800 мил. сок од цитрон
50 гр. кафеав шеќер
лажичка цимет
Исцедете ги лимоните и портокалите (претходно убаво измиени), па кората исецкајте ја на ситни парченца. Во поголем сад на тивок оган ставете го исцедениот сок, парчињата кора, сокот од цитрон, а кога ќе почне да зоврира додадете ги шеќерот и циметот. Проварете 10-тина минути, па откако ќе се излади сервирајте со коцки мраз и парченца овошје.
Лимонада со нане
3 лимони
3 лажички мед
6-7 листови свежо нане
500 мл. вода
Најпрво, во бокал измешајте ги убаво водата и медот. Потоа, ставете го нането и оставете да отстои 30-тина минути, за да пушти арома. На крај исцадете ги лимоните во додадете ги во бокалот, добро промешајте и вашата лимонада е готова.
Индиски традиционален пијалок Ласи
1 чаша јогурт
1 чаша вода
2 лажички мед
10-тина јагоди
грст боровинки
Сите состојки се мешаат во блендер и индискиот Ласи, кој е одличен за освежување, е спремен за пиење.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја