Поврзи се со нас

Занимливости

Неколку занимливости за Mercedes-Benz

Објавено

на

Веруваме дека за Мерцедес се знае многу, но еве неколку занимливисти во врска со овој германски автомобилски гигант кои можеби не сте ги знаеле.

1. Сите вработени во компанијата Мерцедес Бенз имаат право да даваат предлози поврзани со производствениот процес. Во случај компанијата да оствари заштеда благодарејќи на некој предлог, на работникот му се исплатува награда.

2. Иако светот на автомобилите првенствено е машки, пари за проектот на првиот автомобил, на Карл Бенз му дала тогашната негова вереница Берта.

3. Познатата трокрака ѕвезда ја симболизира глобалната доминација на компанијата, производство на возила кои се движат во воздух, вода и на земја, а постоела и верзија со 4 крака. Едно време се користела во сина боја, а од 1934-та година и првата трка на Нирбургринг го добива својот познат сребрен изглед.

4. Како настанале прочуените Сребрени стрели? На споменатата трка 1934-та година, моделот W25 бил 1 килограм потежок од дозволеното во својата класа, па механичарите, за да ја намалат тежината, морале да ја одстранат сета боја од автомобилот се` до самиот метал. Така го добиле фамозниот сребрен изглед, кој е актуелен и ден денес.

5. Според статистиките, најчести купувачи на мецедеси се доктори. Дури 19% од сопствениците на нови Мерцедеси се од оваа струка.

6. Основачот на Мерцедес Бенз, Карл Бенз е првата личност на кого му е издадена возачка дозвола. Граѓаните на Манхајм се жалеле на буката и смрдеата кои ја создавале неговите автомобили, па затоа Бенз во 1888-ма година побарал (и добил) дозвола од градските власти да го вози својот автомобил низ градот.

7. За да ја подобри својата финансиска состојба, загрозен од масовниот увоз на евтини возила како што бил Форд модел Т, Мерцедес произведувал велосипеди во текот на 1923-та година.

8. Првиот хибрид бил создаден 1906-та година (добро прочитавте, не е грешка во пишувањето). На почетокот од автомобилската историја доста се експериментирало со погонот на автомобилите, па така во 1906-та година е создаден Мерцедес Микст (Mixte) со бензински мотор кој го напојувал со струја електромоторот за погон.

9. Денес многу се зборува за автономните возила, но малку е познато дека дури во 1995-та година Мерцедес направил С класа која сама се одвезла од Минхен до Копенхаген и назад, возејќи на моменти и преку 160 km/h.

10. Познатата изрека “Ако сакаш да знаеш каква опрема ќе имаат автомобилите за 10 години, погледни во денешната С каласа“, се покажала повеќе пати исправна. С класата меѓу првите имала вграден АБС, воздушни перничиња (airbag), турбо-дизел мотор, зони на преклопување и виткање при судир, ЕСП и т.н.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена