Поврзи се со нас

Занимливости

Неколку интересни податоци за нинџите

Објавено

на

Поради мистеријата што ги следи со векови, (кинеските) нинџи или (јапонски) шиноби се романтизирани во прозата и театар, а нивната улога и вештини се значително преувеличени и претерани. Целата приказна ескалираше кога нинџите пристигнаа на филмското платно, каде беа прикажани како супериорни воини.

Но, денес знаеме дека модерниот приказ на нинџа во голема мера се базира на романтизирана драматична верзија. Едноставно, да се каже дека сите нинџи биле исклучително способни борци и атентатори би било еднакво да се каже дека сите денешни разузнавачки агенти и шпиони се способни исто како Џејмс Бонд.

За разлика од самураите, нинџите не биле сакани или почитувани (освен јоните, господари и врховни команданти). Нинџите работеле работи што никој друг не сакал да ги работи. Убивањето луѓе од заседа се смета за нечесно во Јапонија и нинџите честопати се третираа како нужно зло.

Првиот нинџа

Како и секоја древна вештина, онаа што ја прифатиле нинџите е полна со митови и легенди. Но, внимателно следејќи ја историјата, историчарите заклучиле дека оригиналниот извор на вештини и филозофија што нинџите подоцна ги прифатиле во Јапонија потекнува од Индија, каде сè започнало пред 6.000 години. Филозофијата и вештините полека патувале од Индија во Кина, потоа во Кореја и конечно во 6 век стигнале до Јапонија.

Според официјалната историја на Јапонија, првиот нинџа бил човек по име Отомоно Сахито, шпион кој работел за принцот Шотоку (574-622), но овој термин првпат станал формален во 1162 година кога се сретнале со Даисуке Тогакуре, самурај кој го изгубил својот имот, а потоа се одрекол од самурајската титула и кодовите бушидо и Каин Доши, кинески монах воин.

Даисуке и Каин го комбинираа своето знаење и искуство под едно име – Нинџутсу (Ninjutsu) што значи збир на различни вештини кои вклучуваат боречки вештини, стратегија и тактики на герилска борба, шпионажа, собирање информации, навигација и преживување во природата, криење и прикрадување, маскирање, избегнување непријатели, инфилтрирање, надминување на природни и вештачки пречки, борба со голи раце и разни оружја.

Нинџутсу наскоро стана чиста спротивност на бушидо, кодот за самурај. Додека самураите ја ценеа лојалноста и честа пред сè, нинџа кодот го ценеше само исполнувањето на мисијата – по секоја цена. Напади од заседа, отрови, саботажи, заведување и шпионирање беа срам за самураите, но за нинџите совршено нормален начин на живот.

Нинџите биле дел од голема шпионска мрежа

Главната задача на една нинџа не била да убива непријатели, туку да биде дел од мрежата на очи и уши на терен, да шпионира и успешно да пренесува информации на друг нинџа (сè додека не дојде од владетелот).

Нема сомнение дека нинџите биле и атентатори, сепак тие поголемиот дел од своето време го поминувале правејќи секојдневна работа на фарма или на пазар, облечени како и секој друг човек во нивната околина. Тие секогаш избегнувале каков било физички судир што може да ги предаде нивните вештини и на тој начин да му открие на непријателот дека се шпиони.

Исто како и денешното разузнавање, некои нинџи биле повеќе од способни да го убијат непријателот, но нивната примарна задача било да се мешаат во нивната околина и да собираат информации. Нинџите немале официјално училиште за боречки вештини. Всушност, во историјата нема докази дека сите нинџи имале боречки вештини, а оние што имале, ги научиле од своите татковци или постари браќа. Единствената формална обука била шугендо, мистично-духовна традиција која потекнува од претфеудалната Јапонија, во која перцепцијата за „будење“ се добива преку разбирање на односот помеѓу човекот и природата. Но, не секој што вежба шугендо може да биде нинџа, ниту сите нинџи поминале обука за шугендо.

Нинџите не носеле црни униформи

Во современите филмови и стрипови, нинџите се прикажуваат во црно одело, со маски на лицата преку кои се гледаат само нивните очи. Овој костум нема никаква врска со вистинските нинџи, а потекнува од театарот „кабуки“, еден од традиционалните јапонски видови забава што потекнува од почетокот на 17 век. Токму во овие театри се појавија голем број митови за нинџите кои се романтизирани преку забава, нешто како претерување со способностите на денешните тајни агенти преку ликовите на Џејмс Бонд или Џејсон Борн. За време на претставите, нинџите (актерите) носеле црни униформи и маски за да изгледаат подраматично.

Во реалноста, нинџите носеле секојдневна облека како и сите околу него (како и секој разумен шпион), а за време на ноќните мисии тие облекувале темно сина облека. Црната би ја прикажала нинџата како силуета, додека темносината многу подобро се вклопува во ноќното светло. За време на потенцијално опасни мисии, нинџите често носеле метални мрежи под облеката, еден вид оклоп од мали метални прстени врзани едни со други. Се верува дека овој оклоп е одговорен за легендата која вели дека нинџите биле демони кои не можеле да бидат убиени.

Една од добро познатите успешни тактики кои ги користеле нинџиите било да облечат како непријателот на бојното поле, да направат хаос во редовите, полека да се одделат и да го нападнат непријателот одзади.

Но, нинџа во темно сина униформа која се прикрадува низ улиците и на покривите е далеку од секојдневието. Нинџите поголемиот дел од својот живот го поминувале како обични селани, монаси, земјоделци, ковачи, танчерки, трговци, одноано нинџа може да биде секој.

Нинџите биле семејната традиција

Како и самураите, нинџите се родени во професијата, во семејства кои одржуваат традиција што се пренесува од колено на колено. За нинџa се тренира уште од детството, што е вообичаено и кај семејствата на самураите.

Покрај боречките вештини, децата од овие семејства уште од рана возраст учат техники за преживување и извидување, научиле сè за отровите и експлозивите – и што е најважно – за нивна обука било потребно одредено ниво на знаење од дејноста која би ја вршеле во иднина, со што би ја прикриле нивната вистинска намера.

Денес никој не знае со сигурност дали некогаш постоела организирана војска која се состоела од нинџи. Тие секогаш биле обучувани како индивидуи во нивното семејство и ретко дејствувале како група.

Нинџите обично немале задачи да убиваат, но кога имале..

Како што напишавме погоре, примарна задача на нинџата била да собира информации за непријателот, но од време на време, од нив било барано да ги применат своите други вештини во пракса, како што се атентат во заседа, брутално убиство, саботажа.

Во такви ситуации, нинџите биле добро подготвени и опремени. Една од главните алатки била јаже со закачена кука, што му овозможувало да се искачи на ѕид или покрив. Има и други уреди за отворање врати или прозорци, како длета, чекани, дупчалки, рачни куки… Ножеви и мали пили (хамагари) најчесто користени за дупчење дупки во sидовите, а користеле и преносен уред (саото хикигане) за прислушување разговори и откривање звуци.

Што се однесува до самото оружје, тие користат сè, од мали ножеви до катани, честопати на врвот од корицата наполнети со комбинација на црвена пиперка, прашина и железна прашина за кога го извлекувале мечот го онеспособат непријателот (прашина во очите).

Голем број на различни видови пикадо, шила, ножеви и ѕвезди, попознати како шурикени, кои биле важен дел од арсеналот, но тие не биле користени само од нинџите во тоа време. Шурикените и покрај популарното верување, генерално не се користеле за убивање на далечина (освен ако врвот не бил натопен во отров), туку за борба со тупаници (нинџите ги користеле шилците од ѕвездите), или за фрлање на подот како би биле нагазени од непријателот.

Нинџиите исто така се меѓу првите снајперисти во светот – тие користеле достапно оружје, експлозив и прецизност кога била потребна да се убие некој од далечина, или да се запали оган што ќе предизвика општа паника. Биле многу вешти со отрови, но исто така и со барут (Кајакујутсу) што го користеле за да создадат димна завеса, па дури и за да направат бомби. Некои бомби функционирале така што испуштале отровни гасови, додека други биле исполнети со парчиња железо или керамички шрапнели.

Покрај горенаведеното, нинџите носеле со себе (доколку е потребно) и неколку разни оружја, од обичен земјоделски алат, до нагазни мини, мечеви од трска, боксери и лакови и стрели.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена