Поврзи се со нас

Македонија

„Нема да работите во недела, толку ќе ставате маржа, толку ќе плаќате минималец,…“ – Бизнисот реагира

Објавено

на

Да се подигне на највисоко ниво одговорноста на функционерите и административците, да се заштити земјата од злоупотреба на моќ, да се укинат управните одбори во институциите кои ги има вкупно 1 320 со 129 000 вработени, да се спречи нерегуларното користење на службените возила со воведување посебни регистарски ознаки, да се ревидираат неработните денови и да се „разбудат“ корективите на власта, порача денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Пред голем број претставници од бизнис секторот, науката и институциите, Азески, во третото месечно обраќање што го организира Комората, уште еднаш потенцира дека извозот мора да стане врвен национален приоритет, алфа и омега на македонската економија.

Тој напомена дека државата не смее да му се меша на бизнисот и апелира дека секој мора да се занимава со својот домен, соодветно на функцијата што ја извршува. Неопходно е, дополни, и воведување економска дипломатија.

Азески упати порака и до европските лидери – „ако ни помагаат да ни помагаат, а не да не понижуваат“.

Претседателот на Комората ги повика сите засегнати страни да се обединат околу бизнисот „како единствен кохезивен фактор кој може да ја разбуди државата и да ја натера да излезе од нејзината конфорна зона“. Воедно потсети на Декларацијата донесена минатата година, која е вид рамковен договор за економски реформи кои би требале да се спроведат во наредните најмалку десет години. Декларацијата, рече, ја потпишаа МАНУ, сите државни универзитети и бизнис асоцијациите, треба да ја потпишат уште политичките партии застапени во Парламентот.

Клучна точка, оцени Азески, е менувањето на менталитетот.

-Тешка фрустрација влечеме, дека сме неспособни сами да си ги решиме прашањата па мора да доаѓа некој од страна да ни ја крои судбината. Тоа е исто како дома да го викаш соседот да ти ги реши проблемите, а се знае како тој ги решава. Мора да собереме сила да поведеме сами иницијатива. Изборивме 74 иницијативи за регулирање на односите на Балканот и ниедна не е наша автентична, туку е од надвор. Постои и голема поларизација меѓу власта и опозицијата – видовте вчера, не можеме да разберме за што беше разговарано, „два месеца, три месеца, со ДУИ, без ДУИ“, јас не можам да разбреам што 40 години се занимавам со ова, па не обичниот граѓанин, истакна Азески.

Тој подвлече дека извозот мора да стане врвен приоритет.

-Оваа економија без извоз не може да издржи. Доста е од поделби, да се обединиме околу бизнисот ако тој е единствениот кохезивен фактор за да излеземе од ситуацијата во која се наоѓаме. Да склучиме договор со државата за да се регулираат односите меѓу неа и приватниот сектор. Она што ни се случува со мешањето во работите, го уништува бизнисот. „Нема да работите во недела, толку ќе ставате маржа, толку ќе плаќате минималец,…“  Се што се прави се прави за ограничување на самостојноста на субјектите кои создаваат и така не можеме да излеземе од ситуацијата. Извозот мора да се дигне на пиедестал. Да се воведат посебни таблици за службените возила. Службените возила во сабота и недела ви се наоѓаат по нивите, по швалерај и не знам каде за недозволени активности. Ќе заштедите и тие пари ќе ги дадете за извоз. Пари ќе се заштедат и со укинување на сите управни одбори во државните претпријатија, државни органи, заводи, институции, агенции. Имам порака и до европските лидери кои ни наметнуваат решенија. Тие во пракса многу пати направија преседан на малите земји. Ние во нив гледаме надеж, но и преседани кои беа направени на штета на малите земји во интрес на големите. Затоа, треба јасно да им порачаме, ако ни помагаат да ни помагаат, а не да не понижуваат, рече Азески.

 

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена