Здравје и убавина
Нема гладување, има слабеење – Кои се правилата на диетата без јаглени хидрати?
Затоплувањето на времето, кое бара носење полесна и поотворена облека, за голем дел од луѓето значи кошмар, поради вишокот на килограми. Секако, најдобро е да сме задоволни со нашето тело онакво какво што е и да не се потресуваме околу нашата фигура, но реалност е дека тежината влијае врз здравјето, па оттаму слабеењето во некои случаи е потребно.
Во морето диети кои се пласираат, има една што не е многу рестриктивна, дозволува конзумирање на голем број намирници, не вклучува гладување, а е сепак ефиканса. Што е најважно, откако ќе ослабнете, доколку се држите до нормален внес на храна, нема да ги вратите килограмите назад.
Станува збор за диетата без јаглени хидрати. Ако ги почитувате правилата, слабеењето ќе започне уште во првата недела, а диетата треба да се држи 25 до 30 дена.
Дозволена храна:
-сите врсти на месо и риба, но подготвени со варење или печење на скара
-интегрален леб
– салати (марула, зелка, патлиџан, краставици, роквици, цвекло, рукола) може да ги зачините со маслиново масло и морска сол
-јајца подготвени на сите начини
-зеленчук (карфиол, брокула, спанаќ, морков, пиперки, праз, целер) подварени како прилог со месото или во чорба
-пијалоци (кафе и чај без шеќер, лимонада без шеќер, минерална вода, обезмастен јогурт)
Оброците може да ги комбинирате самите и нема посебни правила, освен количината да биде во граници на нормала. Пример: парче месо или риба, со салата колку една шака и зеленчук, исто толку и интегрален леб по едно парче.
Забранета храна:
-леб, компир, бело брашно, тестенини
-ориз, грав, грашок
-млечни производи (сирење, кашкавал, млеко, кисело млеко, павлака)
-колачи, чоколади, грицки, сладолед
При држење на диетата, оваа храна не треба воопшто да се конзумира.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар