Поврзи се со нас

Македонија

Нема одлагање на државната матура, синдикатот на ДИЦ го стави штрајкот во мирување

Објавено

на

    Државната матура ќе се спроведе во утврдените термини – на 27 мај и 10 јуни. Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) вчера одлучи штрајкот за повисоки плати, почнат пред речиси три недели, да го стави во мирување во интерес на матурантите. Одлуката ја донел зашто смета дека со вклучување надворешни лица во подготовките на завршниот испит, како што најави МОН, ќе се наруши валидноста на тестирањето и резултатите од матурата.

    • Како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, вработените во Државниот испитен центар одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина. Со ова известување штрајкот се става во мирување, соопшти синдикатот на 29-те вработени во ДИЦ во порака до матурантите.

    Министерот за образование и наука Јетон Шаќири најави дека државна матура ќе има според утврдениот календар и дека ќе бидат вклучени и вработени од Министерството за да се спроведе во рокот.

    Немало договор на вчерашната средба во Владата помеѓу синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, објави синдикатот денеска на прес-конференција

    Според синдикатот на ДИЦ, „насилни мерки и притисоци“ е обидот на министерот „да внесе надворешни лица во процесот на државната матура кој е со висок степен на тајност“ и дека со тоа токму тој ќе им наштети на матурантите зашто ќе се доведе во прашање веродостојноста на резултатите.

    • Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите, му порача Синдикатот на ДИЦ на ресорниот министер и оцени дека неговите обиди за решение на проблемот се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31 март 2014.

    Можноста да вклучи вработени од МОН во подготовката на државната матура, Шаќири ја најави пред неколку дена во ТВ-гостување и ја повтори вчера во изјава за медиумите, дециден дека полагањето ќе почне во закажаниот термин.

    • Мојот конечен став е дека државната матура ќе се полага на 27-ми, како што е предвидено според рокот. Ако е потребно, и кадар од Министерството ќе доставиме од понеделник за да може да ги завршиме работните задачи. Тоа не е само барање на министерот туку и на средношколците, рече Шаќири.

    Додаде дека ги поддржува вработените на ДИЦ во нивните барања но, како што рече, „не можеме секогаш да ги поврзуваме важните процеси со некои барања“. Како и во други изјави претходно, порача дека треба да го почекаат општиот колективен договор како системско решение.

    Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува до задутре да почне наставата по неколку стручни предмети во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) откако ќе се добијат согласности.

    Синдикатот на ДИЦ го почна штрајкот на 25 април со барање за поголеми плати и согласност од Министерството за финансии за нивниот колективен договор и ги стопираше процесите за кои е надлежен ДИЦ, меѓу кои и полагањето на државната матура и меѓународното тестирањето на основците ТИМСС.

    Дваесет и деветте вработени бараат повисоки плати кои не им се зголемени и по повторниот пораст на минималната плата, што довело до изедначување на платите за различни работни позиции. Речиси половина од нив, 11, примаат околу 20.100 денари, а советниците кои, како што велат, се стожерот на ДИЦ, добиваат плата од 26 илјади денари.

    За државна матура во јунскиот испитен рок годинава се пријавени 15 620 матуранти. На 27 мај треба да се полага првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти. На 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Што, како, каде?!пред 3 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Магазинпред 2 недели

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Занимливостипред 2 недели

    Како да ги искористите силика гел пакетчињата во секојдневниот живот

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement
    Smartwatch

    Паметен часовник со USB

    ~611 ден
    Купи сега
    Полнач

    12V Батерија Полнач

    ~248 ден
    Купи сега
    Гланц крема

    Гланц крема за гума и браник

    ~146 ден
    Купи сега
    Држач

    Магнетен држач за телефон

    ~98 ден
    Купи сега
    Паста

    Паста за поправка на кожа

    ~125 ден
    Купи сега
    Слушалки

    Bluetooth слушалки

    ~260 ден
    Купи сега
    Selfie

    Селфи видео далечински

    ~173 ден
    Купи сега
    Лампа

    LED батериска лампа

    ~170 ден
    Купи сега
    Фустан

    Женски фустан

    ~489 ден
    Купи сега
    Дрон

    Дрон со далечинска контрола

    ~999 ден
    Купи сега
    Мемориска

    Micro SD мемориска картичка

    ~134 ден
    Купи сега
    Правосмукалка

    Правосмукалка за автомобил

    ~379 ден
    Купи сега
    Одвртувач

    Електричен одвртувач

    ~710 ден
    Купи сега

    Популарно изминативе 100 дена