Македонија
Нема потреба од менување на наставниот модел, оценуваат надлежните

Според последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје, за 40 % е намaлена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, споредбено со ширење на вирусот во последните две недели во август. „Согласно овие податоци и намалената инциденца на ширење на вирусот, нема потреба од промена на моделот на настава, сметаат од Комисијата за заразни болести“, се вели во соопштението од МЗ.
Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска, основно, средно и академска. Во предучилишната и училишната возраст најмал е бројот на заразени споредбено и по возрасни групи, односно на возраст од 0-9 години има само 3,9 отсто во државата се ковид позитивни.
Согласно ова и министерката за образование и наука Мила Царовска посочи дека сѐ уште нема потреба од промена на моделот за настава, и учениците продолжуваат и понатаму да одат во училиште, бидејќи се безбедни.
„Сѐ уште немаме интерна трансмисија на Ковид 19 во училиштата и тоа го кажуваат надлежните здравствени власти. Бројот на позитивни на дневно ниво се движи од 0,01% до 0,03 %, зависно од денот, но сепак имаме повеќе од 240 илјади ученици со физичко присуство кои се секојдневно во училница и овие бројки се навистина ниски“, рече Царовска.
Состојбата со градинките во државава е стабилна и не е констатирано ширење на вирусот во овие детски установи.
Како што информира вчера министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, 13 воспитувачи и други вработени во градинките се позитивни во целата држава и девет деца.
Во изминатите седум дена бил направен вонреден инспекциски надзор за почитувањето на протоколите. Извештајот на ДЗСИ, како надлежна институција, покажал дека тие се почитуваат и оти поради тоа нема ширење на вирусот во градинките.
„Нивниот извештај, кој е испратен до Министерството за труд и социјална политика, покажува дека протоколите доследно се почитуваат и оти нема хоризонтална трансмисија на вирусот во градинките“, рече министерката Шахпаска.
- Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
- Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
- Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Вида Гаврилоска Бубалова, психолог и психотерапевт
- Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
- Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер