Гостивар
Нема повеќе „ало“ на службен трошок во Општина Гостивар
Гостиварската локална самоуправа ги укинува службените телефони. Почнувајќи од овој месец, сите трошоци за мобилен телефон, вработените ќе си ги плаќаат од свој џеб. Оваа новина преку фејсбук статус ја објави градоначалникот Арбен Таравари, а е дел од кампања за штедење на општинските пари.
„Ниеден вработен во општина Гостивар, од почет на месец август 2019, нема да користи службен телефон. #ДаГоШтедимеБуџетот“. напиша градоначалникот дообјаснувајќи дека ниту тој самиот нема да има поволности и укинувањето на службениот телефон ќе важи и за него.
Трошоците за мобилни телефони првично ја чинеле општината околу 100 илјади денари месечно, потоа се намалиле на околу 60 илјади, а локалната власт тврди дека од август па натаму тие се сведуваат на нула (0).
„Во план е намалување и на други трошоци. Наша цел е парите наместо да се насочуваат кон покривање на такви трошоци, да се наменат за реализација на проекти и инвестиции за доброто на граѓаните“, вели секретарот на општината Назми Јусуфи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар