Вести
Нема сообраќајна дисциплина – казнети дваесетина возачи во Гостивар
Сообраќајната полиција во вчерашната контрола спроведена на гостиварското подрачје констатирала повеќе различни прекршоци кај возачите. Исходите од полициските акции во сообраќајот зборуваат за сообраќајна недисциплина кај возачите и непочитување на правилата и прописите.
Во контролите вчера биле откриени 21 прекршок. Секторот за внатрешни работи Тетово соопшти дека пет возачи управувале возило без положен возачки испит, осум возеле нерегистрирани возила и исто толку ја пречекориле максимално дозволената брзина.
Прекршоците констатирани во контролните активности биле санкционирани со прекршочни и мандатни платни налози.
Акција била спроведена и во Тетово, каде полицијата открила 12 прекршоци: возење без положен испит, возачи почетници кои не ги почитувале ограничувањата и управување автомобил под дејство на алкохол.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар