Поврзи се со нас

Деца Родители

Нема волшебна формула за среќа, но дали ќе бидете среќни зависи од вас

Објавено

на

Среќата ќе биде тука кога нема да биде присутен успехот. Кога се останато ќе пропадне, среќата и понатаму ќе биде тука. Среќата е единствен вистински одговор за се, бидејќи до успех најлесно се доаѓа доколку се работи она што се сака.

Не можеме да бидеме среќни со примена на волшебна формула, среќни сме доколку развиеме кај себе одредени позитивни работи кои ја одредуваат нашата хуманост. Постојат пет фактори кои се важни за среќата.

Одлучност

Да се биде одлучен не значи да се биде тврдоглав, тоа е пат кој го следиме и покрај тешкотиите на кој што наидуваме. Тоа не значи ни ригидно исполнување на сопствените желби, тоа значи разумно и истрајно ангажирање на вредностите кои ни се важни. Не можеме да бидеме среќни доколку сме превртливи, ако постојано ги менуваме животните цели. Одлучноста дава смисла, доследност и склад на нашата егзистенција и ни овозможува да изградиме постојан идентитет што ќе ни донесе самодоверба. Најдобар начин да останеме верни на себе и на своите идеали е целите кон кои тежнееме да ги всадиме во нашето секојдневие. Вежбајте ја и потврдувајте ја одлучноста на мали работи, така применета во реалност одлучноста постанува наша трајна доблест и со тоа и клучен фактор на среќата.

Самоконтрола

Самоконтролата е вистинско владеење со самиот себе, управување на сопствените ментални процеси, така да фрустрирачките ситуации се сметаат за минливи. Најдобро е кога ќе се заземе цврст став:сакајте го она што го имате, и покрај тоа што го немате се она што го сакате. За да се развие смислата на самоконтролата започните со ветување на самите себе дека во иднина ќе се залагате во нешто за што до тогаш не ви одело најдобро, а што го посакувале. На тој начин се вежба самодисциплината, се доаѓа до посакуваната цел, а со тоа се доживува чувството на среќа.

Оптимизам

Соочени со предизвиците на современиот живот, опкружени со страдања, вистински и оние страдања кои се резултат на нашите стравови, како можеме да бидеме оптимисти? Оптимизмот не значи наивно верување во розева иднина, тоа е способност на прилагодување на сите ситуации, дури и на најтешките. Тоа е став кон животот-да се има доверба во хуманоста. Оптимизмот е тој кој не турка напред, моќ после секое паѓање да се дигнеме и да продолжиме напред.

Емоционална стабилност

Тоа не значи да имаме убави чувства, тоа значи да бидеме отворени за секое можно чувство, но не и да дозволиме да не понесат емоциите  до тој степен за да излеземе од рамките на својата личност. Информациите постојано доаѓаат и кај нас будат одредени чувства, а тоа може да доведе до замор. Емоционална стабилност значи моќ да стоиме на дистанца од преголема надразливост. Секој ден треба да се одвои малку време да се најде мир, да се смират емоциите и да се контролираат мислите кои ги разгоруваат емоциите. Најдобар начин за постигнување на емоционална стабилност е 15 минутно шетање, краток одмор после ручек или само да се замижи и да се слуша музика.

Свесност за своите постигнувања

Некои луѓе сакаат да и се препуштат на судбината во што дури и пронаоѓаат задоволство. Но,таквиот став може да не одведе на пат кој не е секогаш во согласност со она што ние навистина сме или што сакаме да бидеме. Да се бира свесно, па макар и погрешно значи преземање одговорност за последиците на своите одлуки. Не се сметајте себе си жртва на околностите, немојте за заземате пасивен и инфериорен став, немојте да очекувате дека другите ќе управуваат со вашиот живот и секогаш себе си поставувајте си го прашањето: Што сакам од животот? Како тоа можам да го постигнам? Кои се можните сценарија? Кои ќе бидат последиците? Како другите може да ми помогнат?

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена