Поврзи се со нас

Македонија

Нема затворање на училиштата, МОН оценува дека состојбата со коронавирус во образованието е стабилна

Објавено

на

Министерството за образование и наука не размислува за затворање на училиштата, затоа што оценува дека епидемиолошката состојба во училиштата е стабилна и бројот на заболени наставници и ученици е мал. Ова го изјави вчера во интервју за Радио Слободна Европа министерката за образование и наука, Мила Царовска

„Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, поради тоа што трети декември беше најголемиот пик во првото полугодие и тогаш имавме 168 наставници и 88 ученици. Сега имаме само 62 ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што значи дека сè уште сме многу пониско од оној пик којшто го имавме во декември, а да не зборувам дека тоа е помалку од 1 процент од вкупниот број на наставници и 0,06 отсто од учениците“, рече Царовскa.

Министерката посочи дека година и пол течат подготовките за подобри резултати на ПИСА тестирањето.  Како Министерство, заедно со УНИЦЕФ подготвени се пет збирки на задачи за вежбање на тестовите и за начинот на поставување на задачите.

„Значајно е да наставниците зборуваат за ПИСА тестирањето. Во минатото многу често ни се случуваше да наставниците самите го минираат тестирањето, затоа што велеа дека тоа не им е на учениците за оценка. Не се тестираме секогаш за оценка, некогаш се тестираме само за да процениме до каде сме стигнале со нашиот квалитет на образование. Затоа ги поттикнувам родителите, секогаш кога се зборува за меѓународни тестирања, да ги мотивираме нашите деца, пред се како родители, да ги пополнат тестовите до крај, да покажеме колку сме научиле. Можеби директно не влијае на личната оценка на детето, но влијае на националниот просек и е значајно да стане национална гордост а не секогаш да бидеме последни на листите“, рече Царовска.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена