Македонија
Нема здравје без физичка активност!

Десетти мај се одбележува како Меѓународен ден на физичката активност. „Редовната физичка активност, како што се пешачењето, возењето велосипед или танцувањетo, не само што ве прави да се чувствувате добро, туку има и значајни придобивки за здравјето. Физичката активност го намалува ризикот од кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот и некои видови на рак, помага во контролата на тежината и придонесува за ментална благосостојба. Учество во физичката активност ги зголемува можностите за дружење и чувство на припадност во заедницата. Активното живеење е корисно за здравјето на било која возраст, но тоа е особено важно за здрав развој на децата и младите и може да направи значителна разлика за доброто на постарите луѓе. Додека, физичката неактивност и седечкиот начин на живот се два водечки ризик фактори за здравјето и се причина за околу еден милион смртни случаи во Европскиот регион на СЗО.“, наведуваат од Институтот за јавно здравје.
Во светот, физичката неактивност е проценета како примарна причина за појава на 21-25% на рак на дојка и дебело црево, 27% на дијабетес и околу 30% на исхемична срцева болест. Во Република Македонија, истражувањето за здравствено однесување кај децата, на возраст од 11,13 и15 години, спроведено во 2014 покажа дека препорачаната 60 минутна секојдневна физичка активност, ја практикуваат само 32% момчиња и 22% девојчиња. Резултатите од секојдневната физичката активност, говорат дека момчињата и помладите испитаници се во поголем процент физички активни во повеќето денови. Драстичен пад на физичката активност има кај девојчињата и таа разлика е скоро за три пати помала кај 15-годишните девојчиња во однос на 11-годишните девојчиња. Во меѓународни рамки Македонија е меѓу земји со висока преваленца на секојдневната физичка активност и девојчињата се подобро рангирани од момчињата. Испитаниците од Македонија имаат повисока преваленца од просекот на студијата, која изнесува 25% за момчињата и 16% за девојчињата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош