Гостивар
Немаштијата ги тера луѓето на агресија, врие од семејно насилство во Гостивар

Психата на граѓаните се најде на удар на кризите на кои беа изложени изминатиот период, а кои продолжуваат и актуелно да ги погодуваат. Луѓето најпрво беа растресени од ковид пандемијата, големата неизвесност и страв што ги донесе, пресвртот во секојдневието, оттуѓувањето едни од други. Следуваа финансиски удари, како врз работниците, така и врз бизнис секторот. Откако тоа се потсмири, се разгори економската криза на светско ниво, која секојдневно се продлабочува. Поразителен е фактот што сето тоа резултира со зголемување на сучаите на семејно насилство, потврдуваат од Центарот за социјална работа во Гостивар, кои освен гостиварското подрачје, ги покриваат и општините Врапчиште и Маврово Ростуше.
„Не само поради актуелните поскапувања на цените, туку и од ковид пандемијата, сите тие рестрикции, има зголемување на бројот на корисници на социјални права за парична помош. Значи, расте потребата од помош. А, најлошо е што во ова време се‘ почести се случаите на семејно насилство. Последните неколку месеци нема ден да немаме пријави, некогаш и по две – три пријави за насилства меѓу блиски во семејство. Сиромаштијата ги тера луѓето на агресија, на насилство, за жал.“, вели Хазби Шаќири, директор на Центарот за социјална работа во Гостивар.
Бројот на корисници на парични права од социјална заштита е рапидно зголемен. Актуелно за трите општини што ги покрива Центарот во Гостивар регистрирани се 12.000 корисници за сите права, како:гарантирана парична помош, туѓа нега, социјална пензија и др. Претходно оваа бројак се движеше од 8 до 9.000 корисници.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение