Поврзи се со нас

Занимливости

Како се измислени кесичките за чај, банкоматот, новогодишните елки, пижамите…

Објавено

на

Како настанало WI-FI, без кое не можеме да го замислиме секојдневнието, кој доктор бил толку срамежлив, па „морал“, да го измисли стетоскопот. Во текстот кој следи, дознајте уште десетина занимливости, за сосема обични секојдневни работи,

Кесички за чај

Томас Саливан бил продавач на чај, а во 1908 година на потенцијалните купувачи им испраќал примероци во книжни кесички. Тие не сфатиле дека чајот треба да го извадат од кесичките, па го вареле со кесичката. Така настанале книжните кесички за чај.

Кармин за усни

Во Античка Грција проститутките додека работеле, морале да користат црвен кармин на усните. Ако не носеле, тогаш го кршеле законот, „претворајќи се во дами.“

Очила – авијатичарки

Ги прославиле пилотите, кои први ги носеле.

Еден од нив, Џон Мекриди, влегол во бизнис со произведувач на очила. Тој дизајнирал очила со посебен облик и со темни стакла, откако неговиот пријател му кажал, дека за малку ќе ослепел, откако на голема висина очите за малку ќе му смрзнеле, затоа што ги извадил замаглените наочари.

Вештачко ѓубриво

Го направил Фиц Хабер, истиот човек кој во Првата Светска војна го создал смртоносниот боен отров – хлорен гас.

Банкомат

Креаторот на банкоматот идејата ја добил од автоматите за чоколада. Што се однесува на пиновите, избрал четири бројки бидејќи неговата девојка не можела да запамети шест броеви.

Сол

Солта долго се користела како средство за плаќање, а во една фаза се сметала за едно од најголемите богатства во светот и вредела исто колку и златото. Римските војници, дел од платата ја примале во сол.

WI – FI

WI – FI, требало да ги открие експлозивните мини црни дупки. Стивен Хокинг предвидел дека минијатурните црни дупки во моментот на нивното исчезнување, емитуваат радио бранови.

Доктор Џон Осаливан напорно работел на уред, кој ќе ги детектира тие бранови. Подоцна, ја искористил истата технологија и го добил WI – FI.

Пижами

Пижамите настанале во текот на Првата Светска војна. Луѓето во текот на ноќта, кога имало аларм за напад ги напуштале домовите, па им требало некоја едноставна, практична и пристојна облека, во која само би станале од креветите и би истрчале кон скривалиштата. Војната заврши, а пижамите останаа.

Ананас

Денеска секој може да си го купи, но се до 19 век бил незамисливо скап. Кога тогашните цени би ги споредиле со денешните, еден ананас би чинел 8000 долари.

Стетоскоп

Францускиот доктор Рене Лаенец го измислил стетоскопот како би ја избегнал непријатноста да го става увото на градите на пациентите жени, за да го провери работењето на градите и на срцето.

Пластична елка

Пластичните новогодишни елки се всушност четки за ВЦ школки. Компанијата Адис Хаусверс со години произведувала четки за ВЦ школки, а истата технологија ја примениле и за производство на новогодишните елки.

 

 

 

 

 

 

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена