Поврзи се со нас

Занимливости

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Објавено

на

И покрај општите стандарди за убавина во светот, секоја нација има свои уникатни одлики, традиции, обичаи, но и нови трендови поврзани со женската убавина. Следат некои необични занимливости за азиските земји околу тоа дека убавината е релативен концепт…

Долги нокти на нозете

За разлика од светските трендови со маникир и педикир, во Индија долгите, а сепак излакирани нокти на нозете, се сметаат за знак на убавина кај дамите.

Споени веѓи

Во Таџикистан, споената веѓа е традиционален знак за женска убавина, посебно ако е и побујна и погуста… Девојките кои не се надарени со густи веѓи користат посебна билка за да го обојат просторот на средина.

Завој на носот

Поради огромната популарност на ринопластиката, Иран понекогаш се нарекува и „светска престолнина на носот“. Носната лента по операцијата има и посебно име – „завој на честа”. А, жените гордо го покажуваат овој „моден додаток“. Некои остануваат со него и долго време по операцијата, како „признак“ на нејзиното богатство.

Црни заби

Поцрнувањето на забите е стар јапонски обичај со кој жените ја покажувале својата убавина и подготвеноста да се омажат. Во денешно време, веќе речиси никој не го користи ова.

Издолжување на вратот

Долгиот врат е симбол на женственост и убавина кај народот Кајани во Тајланд. Се верува дека со долгиот врат, жените изгледаат како змејови, кои пак се важен дел на околните народни преданија. Девојчињата тука почнуваат да носат вратни обрачи од месинг на само пет години.

Наострени заби

За луѓето на Бали, стругањето и обликувањето заби е народен обичај и обред. Оваа постапка се изведува главно врз тинејџерки, за да се изгонат злите духови. Наострените заби во Индонезија пак, се симбол на зрелост, што покажува дека младите се подготвени да се венчаат.

Лице во облик на срце

Јужна Кореја важи за земја со прилично голем број козметички процедури, при што измените на лицето се во топ 3 најпопуларни пластични операции. Еден нов тренд, сепак, треба да се истакне… И покрај потенцијалните опасности, Јужнокорејките често се подложуваат на операција заради лице во облик на срце.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена