Рецепти
Неодолив десерт – ролат со банани и јаболка!
Засукајте ги ракавите и фатете се за миксерот. Денес подготвуваме преубав десерт, кој има шмек на кралско благо, делува многу елегантно, а воопшто не е тежок да се направи.
Состојки:
250 гр. маргарин
300 гр. мелен кекс
150 гр. шеќер во прав
4 изрендани јаболка
7 банани
100 гр. чоколадо
1-2 лажици масло ( за глазура )
Подготовка:Најпрво со миксер изматете ги добро маргаринот и шеќерот во прав, па додадете го мелениот кекс и убаво измешајте. Потоа додадете ги изренданите јаболка, како и три изгмечени банани. Направената смеса распоредете ја рамномерно на фолија. Преку смесата наредете 4 банани една по друга по крајот и завиткајте во ролат. Ставете во фрижидер да се стегне. Пред да послужите, врз ролатот ставете глазура од чоколадо (истопено чоколадо со масло).
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград