Рецепти
Неодолив летен десерт: Колач со праски и сирење

Ова е рецепт за сите оние кои сакаат да експериментираат во кујна и да пробуваат поинакви вкусови на десерти. Резултатот сигурно ќе ви се допадне – освежителен и сочен колач.
состојки:
500 гр. кравјо сирење
200 гр. крем сирење
500 гр. кори
4 жолчки од јајца
2 лажички растопен путер
800 гр. праски
100 гр. мелена плазма
2 лажички шеќер во прав
ванилин шеќер
кора од лимон
подготовка: Праските исецкајте ги на парчиња и ставете ги да се подварат, колку да омекнат. Откако ќе омекнат измешајте ги со кравјото и крем сирењето, жолчките, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и изренданата кора од лимон.
Садот за печење намачкајте го со растопениот путер, и наредете неколку кори. Врз нив ставете од претходно подготвената мешавина со праски, па одозгора посипете со мелена плазма. Постапката повторете ја неколку пати, додека не ви се потрошат корите и смесата. Колачот се пече околу 30 минути во рерна на 180 степени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите