Македонија
Неповолно биометео: Промената на времето носи болки во колената, вратот, главоболки…

Наглата промена на временските прилики ќе удри врз здравјето и расположението на почувствителните. Според биометеоролошката прогноза можна е појава на главоболки, болки во колената, грбот и вратот, општа слабост и чувство на тежина во главата.
Како атмосферските промени директно влијаат врз здравјето на луѓето?
Кога има нагло паѓање на надворешната температура и зголемена влажност на воздухот кај луѓето често се јавува главоболка. Ветерот пак, може посебно да предизвика воспаление на синусите. Исто така, лицата кои патат од артритис или реума, тешко поднесуваат влажно и ладно време при кои болните симптоми по правило им се влошуваат. Болки во коските пак, чувствуваат оние кои имаат стара фрактура на некој екстремитет.
Времето знае да влијае и на работата на срцето и белите дробови за кои е важен квалитетот на воздухот кој го дишеме. Загадениот воздух може да предизвика воспаление на белите дробови, но и засилени симптоми на гушење кај оние кои се мачат со бронхитис и астма.
Исто така, кога е „тешко“ времето, тешко им е и на оние со срцеви проблеми. Ова особено ги погодува луѓето кај кои се јавува тапа болка во пределот на градите, односно „ангина пекторис“, а наглите промени можат да влијаат на пулсот и на крвниот притисок.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?