Поврзи се со нас

Вести

Несреќата со автобусот е резултат на човечка грешка, тврди секретарот за безбедност на Перник, Пиргов

Објавено

на

фото: novini.bg
фото: novini.bg

Автобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење, што значи дека возачот не реагирал адекватно. Несреќата апсолутно настанала како резултат на човечка грешка, изјави секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов за БТВ, кој пристигнал на местото на инцидентот заедно со првите полицајци и пожарникари.

Тој вели дека автобусот не се превртел, а возачот се обидел да сврти в лево, додавајќи дека има снимен материјал „што и не е пријатен за гледање“.

– Глетката е страшна. Предниот дел на автобусот е изгорен, луѓето што се наоѓаат во (болницата) „Пирогов“ биле во задниот дел на автобусот. Десното стакло на автобусот било скршено и од таму излегле, изјави Пиргов.

Според него, пред околу час и половина пред несреќата, автобусот застанал на бензинска станица на магистралниот пат „Струма“, каде патниците отишле во тоалет и направиле пауза околу половина час. Тој смета дека е исклучена веројатноста возачот да заспал, бидејќи бензинската станица се наоѓа на 15 минути возење до местото на несреќата.

– Патот е во перфектна состојба. Овде станува збор за грешка на возачот. Нема можност автобусот да се зализгал на патот, нема знаци на кочење. Автобусот се запалил од предниот дел. Во самиот автобус имало туби со нафта, изјавува Пиргов, додавајќи дека огнот започнал од предниот дел на автобусот, најверојатно во системот за греење.

Тој информира дека во 03.04 часот ја добил информацијата за настанот, а во 03.30 стигнал на местото на несреќата, каде имало противпожарни и возила на брзата помош.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 5 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена