Вести
Несреќи: Градежниците и оџачарите да бидат максимално внимателни

Во изминатите девет месеци од оваа година, на поширокото тетовско-гостиварско подрачје регистрирани се 16 несреќни случаи, (Тетово-7 и Гостивар-9), кои завршиле со една човечка жртва и со десетина потешко и полесно повредени лица, информира Секторот за внатрешни работи. Во истиот период се бележат и 8 несреќи при работа, од кои една во Тетово и седум во Гостивар. Во нив животот го загубило едно лице, а неколку биле повредени.
Полицијата анализира дека најчеста причина за несреќите при работа и натаму е невнимателно однесување на поединци кои извршувале, пред се најразлични градежни или занаетчиски работи, но и некористење на соодветна заштитна опрема и непридржување на основните норми, стандарди и критериуми од областа на работната заштита. Невниманието е причина број еден и за несреќните случаи, по што следуваат љубопитноста, опасните детски игри, технички недостатоци на објекти, инсталации и опрема и слично.
„Секторот за внатрешни работи Тетово во континуитет апелира, посебно до градежниците кои работат на отворен простор или на покриви од повисоки објекти да бидат максимално внимателни, како и оџачарите, кои деновиве се мошне ангажирани. Едните за изградба на станбени и други објекти, а другите за одржување на веќе постоечките објекти. Тие и сите други задолжително треба да поседуваат квалитетна заштитна опрема, додека оние кои ракуваат со електрични и други машини да бидат адекватно обучени за тоа“, стои во соопштението на СВР.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила