Гостивар
Несреќи со тешко повредени мотоциклисти на патиштата кон Врбен и Градец

Гостиварската полиција регистрира две сообраќајни несреќи со тешко повредени мотоциклисти вчера (6 јуни) на поширокото подрачје.
Во 12.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат за Врбен, 57 годишниот В.О. од Кралството Холандија, управувајќи мотоцикл „ктм“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Во 17.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат за гостиварски Градец, 40 годишниот Б.Х. од гостиварско Чегране, управувајќи мотоцикл „Пиаџо“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?