Поврзи се со нас

Гостивар

Невнимание и нефермање правила: Пешаци страдаат на гостиварските улици

Објавено

на

Во услови на зголемен број на возила кои се движат низ улиците и патиштата во Гостивар летниот период, пешаците се наоѓаат под ризик. Невниманието и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, честопати завршува со несакани последици.

Според евиденцијата на СВР Тетово, во текот на јули на гостиварското подрачје во сообраќајни несреќи биле повредени вкупно четири пешаци, од кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Во август до сега, повредени се три пешаци. Во последниот случај, со тешки повреди се здоби 22 годишна девојка.

Имајќи ја во предвид осетно зголемената сообраќајна динамика полицијата апелира на поголема внимателност на возачите и пешаците, со цел да се избегнат несреќи.   „На возачите им се советува да ја намалат брзината пред пешачките премини, особено на пофреквентните улици, пред се во вечерните часови и задолжително да им дадат предност на пешаците. До пешаците,пак, се упатува апел прописно да се движат и да не ги преминуваат улиците каде што ќе стигнат, туку само на обележани премини и целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци и светлосна сигнализација и да постапуваат по нив.“, вели полицискиот портпарол, Марјан Јосифоски.

Казната за прекршоци од вакво вид за возачите се движи од 200 до 300 евра, додека                непочитувањето на знаците и сигнализацијата од страна на пешаците се казнува со 45 евра.

Секторот за внатрешни работи значително го зголеми полициското присуство на градските улици, посебно на крстосниците и воопшто на сообраќајниците во Полог. Како што велат од таму, тоа се презема со цел навреме да се откријат и отстранат можните причини за сообраќајни несреќи и да се придонесе во напорите за натамошно подобрување на вкупната безбедност.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена