Поврзи се со нас

Гостивар

Невработените да се пријават во Центрите во рок од 30 дена, во спротивно бришење од евиденција

Објавено

на

Откако повторно беше воспоставено редовното пријавување на невработените (15 септември 2020) околу 54 илјади лица доцнат со пријава во евиденцијата, соопштија надлежните.

Директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири ги повика да се обратат во Центрите за вработување и дисперзираните канцеларии за да ја регулираат својата обврска во рок од 30 дена, односно најдоцна до 19 март, петок. Активните баратели на работа треба да се пријавуваат на секои 30 дена, додека другите лица кои бараат работа или пасивни баратели на работа на секои 6 месеци.

„Јавно ги повикуваме сите оние лица кои ги надминале роковите за пријава во евиденцијата на АВРСМ во наредните 30 дена почнувајќи од утре, да дојдат во Центрите за вработување каде се евидентирани за да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели на работа. Апелираме до сите лица кои ќе дојдат да се евидентираат во Центрите за вработување да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот КОВИД-19 пропишани од Министерството за здравство, да носат заштитна маска и да одржуваат соодветна дистанца од другите лица“, нагласи директорот.

Невработените лица кои нема да ги исполнат своите обврски во рок од 30 дена согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност се бришат од евиденцијата на невработени лица и можат повторно да се пријават по истекот на една година, а корисниците на права по основ на невработеност го губат и правото.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена