Вести
Невработените гостиварци во трка за 4.000 евра за сопствен бизнис
Над 80 невработени гостиварци аплицирале за добивање грант од државата за отпочнување на сопствен бизнис. Од Центарот за вработување оценуваат дека интересот на првиот јавен оглас од мерката Самовработување со грант, бил голем, но не сите кои се пријавиле ќе добијат парична поддршка. Процедурите налагаат селектирање на кандидатите преку изработка на бизнис планови.
„Од вкупно 86 лица кои аплицираа, 46 продолжија понатаму на обуки за претприемништво. Следната селекција ќе се изврши, откако ќе бидат изработени бизнис планови. Така ќе се изберат најуспешните и со нив ќе бидат потпишани договори за добивање на неповратен грант за старт на бизнисот“, објасни Хисен Амзаи, раководител на Центар за вработување во Гостивар.
Преку мерката Самовработување со грант, предвидени се 4.000 евра, неповратни средства за отворање на сопствен бизнис. Пријавените во Гостивар се од различни области: занаетчиство, трговија и друго.
Изминатиот период во Центарот за реализираше и пријавувањето на невработените за практиканство. Преку оваа Програма, 26 лица веќе се ангажирани како практиканти во неколку гостиварски фирми. Тие во период од три месеци, добиваат по 6.000 денари надоместок, а по истекот на тој период зависно од стекнатото знаење и потребите на компанијата се јавува можност и за вработување.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди