Македонија
Невработените може да добијат од 5.000 до 10.000 евра за да си отворат бизнис
Агенцијата за вработување го објави јавниот повик за доделување грантови од Програмата за самовработување за 2021 година. Преку него невработените, евидентирани во Центрите за вработување, можат да добијат неповратни финансиски средства за отворање на сопствен бизнис во висина од 5.000 до 10.000 евра.
Се повикуваат сите заинтересирани невработени лица, невработени млади лица до 29 години, невработени лица поради ковид -19 вирусот, невработени лица со попреченост, невработени жени од ранливи категории, невработени лица кои сакаат да го формализираат свјот бизнис, невработени лица Роми кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво), да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата.
Парите може да се користат за изработка на бизнис план, регистрација на фирма, набавка на опрема, репроматеријали, дополнително вработување на друго лице и слично.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар