Поврзи се со нас

Гостивар

Невработените од Гостивар сакаат свој бизнис-Над 230 бараат државен грант

Објавено

на

И оваа година во Центарот за вработување во Гостивар, за невработените најатрактивна мерка од државниот оперативен план е Самовработување со грант, односно добивање неповратни средства за отворање сопствен бизнис. Огласот беше објавен на 5 април и до денес аплицирале околу 240 лица.

„Оперативниот план за 2022 година усвоен од Влада на Република Северна Македонија веќе е почнат со реализација. Со мерката Самовработување со грант, секој невработен на кој ќе му биде одобрено барањето ќе добие 5.000 евра неповратни средства за опрема и репроматеријали. Рокот за пријавување е при крај. До сега аплицирале 238 лица, значи оваа мерка поттикнува најголем интерес кај невработените.“, информира Хисан Амзаи, директор на Центарот за вработување во Гостивар.

На државно ниво преку оваа мерка предвидени се околу 2.000 вработувања, од кои 80 до 90 ќе бидат реализирани во Гостивар

Мерката Самовработување со грант обезбедува: – ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите; – неповратни средства (грант) во износ  од  307.500 денари по корисник или до 615.000 денари доколку се основа правен субјект од два содружника како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица, при што секој од содружниците ќе има еднаков (50%) удел во друштвото.

Огласот е отворен до петок (15 април).

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена