Гостивар
Невработените во очекување на грантовите за самовработување од по 5.000 евра

Мерката „Самовработување со грант“ изминатите години е најатрактивна за невработените кои сакаат да отворат сопствен бизнис, а преку која добиваат по 5.000 евра државни пари.
Годинава за оваа мерка на државно ниво аплицираа над 3.000 лица, од кои околу 240 од регионот на Гостивар. По извршената првична селекција на кандидатите, во тек е фазата на изработка на бизнис планови.
„Програмата самовработување се реализира во неколку чекори, а во тек е чекорот за изработка на бизнис план, кој се реализира во четири фази низ цела држава. Изработката на бизнис плановите се реализира со поддршка на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РСМ, која ангажира советници/експерти кои ги изработуваат во целост бизнис плановите врз основа на бизнис идејата на лицата апликанти. Првата фаза започна на 09.05.2022 година и ќе заврши на 23.06.2022 година. Претходно беше реализирана селекција на апликантите за изработка на бизнис планови врз основа на критериумите од програмата, известување од страна на центрите за вработување, објавување повик за избор на советници кои ги изработуваат бизнис плановите. По завршување на првиот чекор – Изработка на бизнис план, следи вториот чекор, односно оценка на истите од страна на Експертска комисија (надворешно тело составено од банкари и претприемачи) за што е надлежна АППРСМ. Третиот финален чекор е финална селекција на аплкантите за доделување на грант.“, информираат за Gostivarpress.mk од Агенцијата за вработување,
Што се однесува до мерката „Вработување и раст на мали и средни претпријатија“ од Агенцијата велат дека во најголем дел е реализирана, извршена е селекција на правните субјекти, истите се известени од страна на центрите за вработување, и дека во тек е склучување на договорите и вработување на лицата за кои е добиена финансиската поддршка. Од друга страна, неколку фирми од Гостивар кои аплицирале за мерката реагираа дека се‘ уште немаат добиено никаков одговор.
Агенцијата уверува дека финансиските средства утврдени во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд, се обезбедни во целост.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022