Вести Гостивар
Невреме Гостивар – Екипи на „Комуналец“ вчера интервенирале на 10-тина места

Поројниот дожд вчера попладне предизвикаа проблеми во неколку делови на градот, беа поплавени улици, а водата навлезе и во подрумски простории на објекти. Од гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ велат дека вчера на барање на граѓани интервенирале на десетина локации со специјално возило за таа намена.
„Наши екипи интервенираа на најкритичните места и тоа: кај големиот пазар, улиците „18 Ноември“, „Беличица“, „Тоде Богдановски“, Центарот за култура, центарот на градот кај Импортане, проблематични шахти кај Рекорд и други. Интензитетот на дождот беше навистина силен, се работеше за јако невреме што ги предизвика проблемите и точно е дека канализационата мрежа е застарена, ние се трудиме во координација со општината колку што можеме да се обновува мрежата“, вели Исак Лазами, директор на ЈП „Комуналец“-Гостивар.
На неколку места вчера, со испумпување на вода од подрумски простории интервенирала и Противпожарната единица на Гостивар.
По обилниот дожд попладнето, во текот на вечерните часови времето во гостиварскиот регион се стабилизираше. Според метеоролошките прогнози, во текот на викендов ќе владее сончево и суво време, додека нов бран на нестабилност и врнежи се очекуваат од недела навечер.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 20 часа
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер