Гостивар
Невремето предизвика прекини на струјата во Гостивар

Вчера невечер Гостивар беше погоден од силно невреме, со поројни дождови, грмотевици и ветер, што предизвика прекини на струјата во поголемиот дел на градот. На одредени локации, се уште нема електрична енергија. Од Електродистрибуција информираат дека екипи на терен работат на санација на дефектите.
„Како последица од вчерашното силно невреме, жителите на градското подрачје во Гостивар навечер се соочија со краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Вчерашните прекини во снабдувањето настанаа поради испад на среднонапонски вод. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го санираа овој среднонапонски дефект, но во меѓувреме се појавија и дефекти на нисконапонска мрежа. Поголемиот дел од дефектите на нисконапонска мрежа се отстранети, а наскоро ќе се заврши со санација и на преостанатите.“, стои во одговорот на Електродистрибуција за Gostivarpress.mk.
Времетраењето на прекините на струјата вчеравечер беше различно во различни делови на Гостивар, од по неколку минути, до неколку часа.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава