Гостивар
Невремето се движи кон Македонија, ќе биде погоден и регионот на Гостивар

Како што информира УХМР за денес попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
Според метеорадар невремето забрзано се шири низ целиот Балкан, а денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе ја зафати и Македонија. Како што може да се забележи на фотографиите од метеорадар, најавите се дека регионот на Гостивар ќе биде најпогоден околу 19 часот.
„Доколку се остварат овие врнежи со голем интензитет за кратко времетраење на одредени помали сливни површини, во вечерните часови, па и во раните часови утре, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води, кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето, така и на патната инфраструктура, која е во нивна близина, а на одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони. Во одредени градски населби, можна е појава на локални проблеми поради брзото истекување на водите по улиците, а атмосферските води од олуците приклучени на канализациите, можат да предизвикаат комунални проблеми и плавење на одредени подземни простории“, се наведува во соопштението на УХМР.
Како што се додава, генерално не се очекуваат интензивни врнежи како на северозапад на Балканскиот Полуостров, но, сепак, достапните модели најавуваат врнежи на целата територија на државата.
„Поголема внимателност генерално е потребна на крајниот запад кај сливот на реката Радика, околу планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Осоговието и делови од Малешевските Планини и Огражден, во градските и приградските средини во реоните на Тетово, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Штип, Свети Николе, Кратово, Пропбиштип, Кочани“, пишува во соопштението.
Од УХМР препорачуваат внимателно движење, особено покрај реките и суводолиците, поради можна појава на опасни води и свлечишта.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!