Вести
Невзат Бејта, кандидат за градоначалник на Гостивар од ДУИ

„Утрешен Гостивар ќе биде град на можности за секого“
1. Што содржи вашата Изборна програма? Кои се приоритетните проекти со кои ја барате довербата на граѓаните на овие Локални избори?
Ви благодарам за интервјуто и прашањето. Јас сум повеќе од среќен да ја изложам изборната програма, бидејќи таа не го носи само моето име, туку името на сите граѓани со кои сме соработувале и со кои заедно стигнавме до програмата за Утрешен Гостивар. Во текот на овие години ја подобривме инфраструктурата, изградивме улици, канализација и мостови. Изградивме училишта за нашите деца и ги подобривме условите за образовниот процес, за да им го олесниме патот до знаењето. Не престанавме да градиме спортски терени или простори за одмор во слободно време, со што прилично го променивме ликот на нашиот сакан град. Знаеме дека има уште многу работа да се направи, а основата е поставена. Сега сме подготвени за Утрешен Гостивар и не чека работа за спроведување на амбициозни проекти. Инфраструктурата ќе продолжи да биде во нашиот фокус, за да ја доведеме на повисоки стандарди и да привлечеме домашни и меѓународни бизниси во нашиот град. Инвестицијата на меѓународната компанија “ПРГ Англија” со две фабрики во нашиот град, покажува дека сме на вистинскиот пат и така треба да продолжиме. Локалната економија и вработувањето ќе бидат приоритет на Утрешен Гостивар. Со срце и памет сум покрај секој родител кој има дете што уште е без работа или роднини, па затоа се обврзувам дека неуморно ќе работам за да Гостивар стане град на можности за нив и за другите. Децата, оние кои се иднината на нашиот град, како што било досега, ќе останат наш приоритет. Ќе продолжиме да градиме градинки за малите и училишта за поголемите и ќе продолжиме да ги реконструираме постоечките училишта. Утрешен Гостивар ќе биде град каков што сите сме го сонувале. Среќен сум што овој проект ќе го оствариме заедно.
2. Што предвидувате во однос на задржување на младите во нивниот роден крај, ако се знае дека процесот на иселување на младата популација, па и на цели семејства го зафаќа гостиварскиот крај во поголеми размери изминатата деценија?
Со рака на срце, ви кажувам дека ме боли и ме погодува секое заминување од нашиот град. Но, ова не е само проблем на Гостивар, а и честопати луѓето заминуваат поради подобри понуди. Вршејќи ја мојата функција сум се трудел со најголема одговорност, посветеност и пркосејќи му на невозможното да ги реализирам сите ветени проекти, па дури и да ги надминам, само да му овозможам на градот сè што заслужува во однос на економијата. Но, не зависи сè од локалната самоуправа. Во следниот мандат ќе можеме да соработуваме уште посилно со владата, бидејќи сега имаме реформистичка влада. Како што споменав, локалната економија и вработувањето ќе останат и понатаму наш приоритет. Се обврзувам дека Утрешен Гостивар ќе стане град на можности за секого. Граѓаните ме познаваат, знаат дека јас ги исполнувам ветувањата.
3. Депонирањето на комуналниот отпад е најгорливиот проблем на Гостивар. Какво решение нудите?
Проблемот со депонијата ќе биде минатото. Во 2016 година го поставивме како огромен проблем и итно свикавме состанок на Полошкиот плански регион, на кој беше договорено да се создадат неопходни услови за депонирање на комуналниот отпад во депонијата Русино. Ние како општина презедовме обврски и ја исполнивме наша должност во однос на превезување на отпадот, чистењето на патот до депонијата, како и обезбедување на услови за да процесот биде што похигиенски и без какви било последици за граѓаните. Овој проблем веќе е решен и е на списокот на остварени ветувања. Во Утрешен Гостивар ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите обврски и секогаш ќе кренеме глас и ќе бараме решенија за секој проблем што му се заканува на нашиот град и бара национално внимание. За депонијата ќе бараме конечно решение од регионот, а ако не биде решено од нив, ќе побараме промена на законот за да тоа биде во наша надлежност.
4. Што е првото нешто кое ќе го направите доколку седнете во градоначалничката фотелја на 16 октомври?
Довербата на граѓаните за уште еден мандат како градоначалник за мене значи работа, работа и работа. Од првиот ден ќе почнеме со изградба на Утрешен Гостивар. Имаме многу готови проекти и ќе почнеме веднаш со работа. Нашата програма е подготвена со граѓаните и со нив ќе го изградиме Гостивар што го Сакаме.
5. Кој е Невзат Бејта приватно?
Ме израснале родителите врз база на вредности и принципи, и сега на оваа возраст тие се дел од мене каде и да се наоѓам. Невзат Бејта не е поинаков, туку е еден од вас и како вас. Се трудам да бидам скромен и одговорен за задачите кои ги преземам. Семејството и пријателите се основни. Работата ја гледам како продолжение на принципите во животот и секоја работа ја правам од љубов за мојот град.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!